Фази низ кои минува жената кога ќе запознае добар маж после лоша врска
Кога сте во токсична врска, сè што е поврзано со овој однос е зависност. Знаете и не знаете што ќе се случи. Се надевате дека ќе се промени, но постои и утеха во работите што остануваат исти.
Постои еден вид утеха кога некој толку длабоко ве познава. Дури и кога заминувате, сфаќате дека ви недостасува. Ви недостасува напливот на интензивни емоции. Од љубов до врескање. Но, тогаш ќе сретнете добар човек. И кога тоа ќе се случи, сфаќате колку е негативно влијанието на вашата мината врска.
Ова се неколку фази низ кои минува жената кога ќе запознае нов, добар партнер, после лошата врска:
На почеток, го очекувате најлошото
После токсична врска, не верувате никому. Дури ни себеси. Се прашувате зошто толку долго толериравте таков однос. И влегувате во секоја нова врска очекувајќи го најлошото.
Некое време не верувате дека воопшто постојат добри луѓе, затоа што толку долго баравте погрешни квалитети и прифаќавте луѓе кои не ве заслужувале.
Анализирате сè
Сметате дека секој има скриени мотиви. Кога некого често фаќате во лага, едноставно станувате параноични. Не верувате дека луѓето можат да бидат искрени.
Правите луди претпоставки и се сомневате во добрите луѓе само поради една личност.
Се обидувате да го оттргнете од себе
Некој во минатото ве натерал да верувате дека не го заслужувате најдоброто. Kога ќе го добиете, ќе го одбиете. Се плашите од добрите работи, затоа што не сакате да ги изгубите.
Не сакате повторно да бидете повредени, па се обидувате да го уништите ова чувство.
Премногу се трудите
И кога конечно ќе се чувствувате удобно во таа врска и ќе ја сакате таа личност, не се обидувајте премногу. Во минатото мислевте дека не е доволно да го дадете најдоброто што можете, па моравте да се натпреварувате. Моравте да се докажувате.
Почнувате да му верувате
Ќе дојде моментот кога ќе му кажете на овој човек сè што ви се случило. Моментот кога ќе му верувате доволно. И кога ќе му ги кажете работите што ве повредиле, тој нема да се откаже од вас.
Тоа само ќе му даде причина да остане.
Конечно сфаќате што е вистинска љубов
Почнувате да сфаќате дека врската што го дефинирала вашиот стандард за љубовта е толку нереална. Учите дека љубовта не треба да ве повредува или понижува. Љубовта не треба да ви го крши срцето.
Вистинската љубов не игра игри со вашето срце и не сака да ве повреди.
Сфаќате дека тоа не било љубов, туку контрола.
И повторно сакате бестрашно, само овојпат правилно.
Ашера | Црнобело