20 прашања за во карантин, со кои ќе го запознаете партнерот подобро
Ако имаш временска машина, во кој период би отпатувал? Имаш златна рипка и можност да си замислиш 3 желби, кои се тие?
Периодов минувате многу време дома и на моменти сигурно ви се чини дека повеќе немате за што да разговарате со вашиот партнер.
За да ја разгорите искрата и да дојдете до некои интересни информации за него, треба да ги поставите вистинските прашања:
Прашања со кои ќе ги зачините разговорите:
- Кој ти е најомилен спомен од детството?
- Како изгледаше твојата прва љубов?
- Ако мора да слушаш само една песна постојано, која би била таа?
- Која позната личност ти се допаѓа?
- Кој е советот што би си го дал на помладата верзија од себе?
- Која е најголемата лага што некогаш си ја кажал?
- Ако имаш временска машина, во кој период би отпатувал?
- Имаш златна рипка и можност да си замислиш 3 желби, кои се тие?
- Ако добиеш милион евра на лото, како ќе ги потрошиш?
- Кој ти е најголем скандал направен во алкохолизирана состојба?
- Која е најдобрата книга што си ја прочитал досега?
- Ако можеш која работа на себе би ја променил?
- Кој ти е најтажниот ден во животот?
- Која е таа една работа за тебе од која луѓето ќе се изненадат ако ја дознаат?
- Дали постои некој сон што постојано го сонуваш?
- Кое животно би сакал да бидеш и зошто?
- Која особина те привлекува најмногу кај спротивниот пол?
- Каде би сакал да живееш, ако можеш да избираш?
- Кој е најголемиот ризик што си го преземал досега?
- Кој е најдобриот совет што си го добил од родителите?
С. С. | Црнобело