Ти посакувам љубов каква што ние не најдовме еден со друг

ti-posakuvam-ljubov-kakva-shto-nie-ne-najdovme-eden-so-drug-01.jpg

Ти посакувам да најдеш партнерка која нема да се грижи во секој миг како изгледа затоа што знае дека ја сакаш таква каква што е.

Тоа да ѝ биде доволно. Таа да не бара некој друг како што барав јас. Ти да ѝ бидеш доволен.

Да биде доволно самоуверена сама, но да блеска најмногу кога ќе биде во твојата прегратка.

Тајно да ѝ шепотиш колку е убава. Таа да не гледа во други момци. Да гледа само во тебе.

Да зборувате на ист јазик. Вашите разговори да бидат симфонија на усните.

Да сакате исти теми. Таа да биде интелигентна и да ти биде предизвик.

Кога ќе ја ставиш главата покрај неа навечер светот да паузира на неколку секунди. Таа да ти каже факт, од книгата што ја прочитала, а кој не си го знаел дотогаш.

Да се прашуваш како некој толку брилијантен е можно да се грижи толку многу за тебе.

Да не ја користи интелигенцијата за да манипулира со тебе, како што си правевме ние еден со друг. Да ја користи за да те охрабри.

Да одвојува време за тебе дури и во најзафатениот ден. Да те изненадува со мали работи и да те ослободува од стресот.

Да те потсети дека на крајот од денот сѐ ќе биде во ред.

Кога ќе те допре со прстите да има електрицитет. Да се прашуваш како некој толку совршено може да прилега во твоите раце.

Кога ќе гледаш во нејзините очи да знаеш дека тоа е таа. Да не се прашуваш, да не си фрустриран, да не си несигурен.

Ќе биде лесно, ќе биде сосема поинакво од тоа каква беше ситуацијата помеѓу нас.

Нам не ни беше судено да имаме ваков тип на љубов. Не ни беше судено да ги минеме животите заедно.

Се надевам дека ќе пронајдеш ваква љубов и тоа ќе биде сѐ што ти е потребно.

Искрено и од срце ти го посакувам тоа.

Јас тргнав по ваква потрага...

Извор

Би можело да ве интересира:

Порака до сите љубовници: „Не барајте мир во туѓа неволја и не се лажете дека не сте виновни“ Зошто постојат жени што прифаќаат да бидат нечии љубовници? Зошто веќе не се цен...
Зошто ја напуштив сопругата за љубовницата (и што можеше таа да направи за да ме задржи)? „Во спалната соба Меги почна да зазема одбранбена поза, стуткана во аголот со св...
Прашувам за пријател: „Мојата љубовница остана бремена, сака да ја напуштам сопругата - Што да права... „Кога на колешката ѝ признав колку ми недостига кога не е на работа, ми кажа дек...
6 знаци дека сте во здрава врска исполнета со љубов Не сте љубоморни ако партнерот отиде на патување без вас и покажувате разбирање ...
Една најважна лекција што ја научив за љубовните врски „Мојата сопруга почина по само 10 години брак, така што ‘засекогаш’ не ви е вете...
Знаци дека траумите од детството ви го уништуваат љубовниот живот (и како да си помогнете) Дали често ви се случува први да му раскинете на партнерот, затоа што постојано ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg