Што да правите ако партнерот ве одбива за секс?

Правило број 1 – Без напади и агресија, бидете негов сојузник, прашајте го што го мачи.

shto-da-pravite-ako-partnerot-ve-odbiva-za-seks-01.jpg

Кога интензитетот на сексуалната желба не ви се поклопува со таа на партнерот и немате секс толку често колку што сакате, врската може полека да почне да „умира“.

Се чувствувате запоставено, иритирано и одбиено. А од друга страна пак сексот за вашиот партнер може да почне да му изгледа како обврска, на која вие го наговарате, и да престане да ужива во него.

Како да се справите со оваа ситуација?

Разговарајте со него

Колку и да ви изгледа тешко ова, мора да го сторите. Притоа не треба да биде веднаш откако ќе ве одбие за секс, туку во некој понеутрален момент кога емоциите се посмирени.

Не бидете агресивни, целта не е да направите партнерот да се чувствува лошо, туку да откриете зошто нема желба за секс. Многу често причините можно е да немаат врска со вас.

Почнете го разговорот со позитива, како на пример колку уживате кога сте интимни и останете смирени во текот на целиот разговор.

Променете го начинот на кој иницирате секс

Можеби бирате време за секс кога партнерот е уморен, пробајте промена со тајмингот. Можеби начинот на кој го правите тоа му е одбивен на партнерот бидејќи му изгледа како обврска.

Најдобро е да започнете со бакнежи по вратот и пробување на различни потези за да видите што ќе му се допадне.

shto-da-pravite-ako-partnerot-ve-odbiva-za-seks-02.jpg

Дозволете му тој да иницира секс

Можно е да му е потребен простор. Кажете му дека ќе му го дадете потребното време и нема да притискате. Охрабрете го и подобрете му ја самодовербата за да го направи чекорот.

Ослободете го од притисокот

Притисокот може да ја убие сечија сексуална желба. Стресот што знае дека вие не сте задоволни може уште повеќе да го демотивира.

Ослободете се од сите строги правила за тоа колку често треба да имате секс и не реагирајте бесно кога тој не е заинтересиран.

Клучно е личноста со која сте да се чувствува комфорно понекогаш да каже „не“.

shto-da-pravite-ako-partnerot-ve-odbiva-za-seks-03.jpg

Разберете дека одбивањето на секс не значи дека тој не ве сака

Запомнете дека сексот не е исто што и љубовта и дека партнерот може да ви покаже дека се грижи за вас на многу други начини.

Смислете нови начини на кои како пар можете да си ја изразите љубовта.

Додадете забава во сексот

Направете атмосфера, согласете се да користите некоја секс играчка или да имате секс на некое лудо место. Сексот треба да биде ослободен од тензија и да изгледа како одлична забава.

Подобрете му ја самодовербата

Ниската сексуална желба може да биде резултат на ниската самодоверба. Можеби вашиот партнер не се чувствува атрактивно и мислите околу неговиот изглед го спречуваат да ужива во сексот.

Дадете му некој комплимент и направете да се чувствува убаво и посакувано, тоа е клучно.

Не се плашете да побарате помош

Ако ништо од горенаведеното не функционира, не плашете се да појдете на советник за парови, каде професионалецот ќе дојде до коренот за секусалната траума.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
21 работа во сексот што секој треба да ја направи барем еднаш (18+) Ако партнерот доживеал оргазам, а вие не, кажете му го тоа и бидете искрени дека...
„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...
Знаци дека партнерот не ужива во сексот со вас (и што да направите околу тоа) Ако кај партнерите не постои спонтано допирање кое претходно постоело или прегра...
Прашувам за пријател: „Мојот сопруг сака секс неколкупати на ден, а јас не - како да го одбијам?“ „Работата од дома беше кошмар, бидејќи тој беше во соседната соба, па ќе влезеше...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg