20 прашања што морате да си ги поставите пред да се одлучите за брак

Можеби долго сте заедно со партнерот и сметате дека е време да го направите следниот чекор. Можеби, пак, сте во врска само неколку месеци и се прашувате дали сте подготвени да продолжите понатаму.

20-prashanja-shto-morate-da-si-gi-postavite-pred-da-se-odluchite-na-brak-01.jpg

Целата оваа ситуација со корона вирусот натера многу луѓе да ги сфатат животните вредности и да посакаат да отидат на следниот чекор во врската. 

Без разлика каква е вашата ситуација, ако сериозно размислувате за брак, морате да земете предвид некои работи.

Во продолжение погледнете ги 20-те прашања кои мора да си ги поставите пред да го направите следниот чекор:

Дали партнерот ме прави подобра личност?

Дали партнерот го „вади“ најдоброто од вас, или е љубоморен на вашите успеси?

Дали прави да се чувствувате сигурно и сакано, или постојано ви создава грижи и несигурност?

Вашиот животен партнер треба да биде извор на утеха, поддршка и возбуда. Во спротивно, покрај него никогаш нема да се чувствувате среќно.

Дали навистина се прифаќаме еден со друг?

Секогаш ќе постојат недостатоци што ќе ви пречат кај вашите сакани. 

Но, пред да се одлучите за брак, важно е да размислите дали сте подготвени да ги прифатите вашите недостатоци или постојано ќе барате начин да ги промените.

20-prashanja-shto-morate-da-si-gi-postavite-pred-da-se-odluchite-na-brak-02.jpg

Кој/а сум јас?

Како би знаеле дали партнерот е вистинската личност за вас, ако не се познавате себеси? Размислете каква личност сте и каква личност сакате да станете.

Размислете кои се вашите цели и идеали, за кои нешта би прифатиле компромис, а за кои не.

Важно е да знаете што очекувате од животот пред да стапите во брак.

Дали сум среќен/на во оваа врска?

Дали сте вистински среќни со вашиот партнер? Дали ќе бидете среќни ако го поминете животот заедно?

Ако постојано се расправате, ако не можете да се согласите за ништо и ако постојано се појавуваат нови проблеми, можеби не е време за брак.

20-prashanja-shto-morate-da-si-gi-postavite-pred-da-se-odluchite-na-brak-03.jpg

Дали се чувствувам заробено?

Дали одвреме-навреме посакувате да не сте во врска? Или целосно сте посветени на партнерот и вистински сакате да бидете со него?

Кои мои постапки ја „кочат“ врската?

Можеби треба да бидете подобар слушател, можеби треба да реагирате побрзо, можеби на партнерот му треба повеќе внимание.

Добро размислете кои се вашите недостатоци и постапки што имаат лошо влијание врз врската. Истовремено, размислете дали сте подготвени да поработите на нив.

20-prashanja-shto-morate-da-si-gi-postavite-pred-da-se-odluchite-na-brak-04.jpg

Дали постои рамнотежа во врската?

Дали сте на иста страница кога станува збор за компромис, грижа, поддршка, па дури и жртвување за врската?

Размислете дали и двајцата добивате, но и давате доволно.

Можеме ли да се забавуваме заедно?

Ова е навистина важно. Сигурно не сакате да го поминете животот седејќи во тишина.

Запрашајте се дали знаете како да се забавувате со партнерот, дали имате заеднички интереси или, пак, некое хоби.

20-prashanja-shto-morate-da-si-gi-postavite-pred-da-se-odluchite-na-brak-05.jpg

Можеме ли да се забавуваме кога не сме заедно?

Исто важно е да знаете да се забавувате и без партнерот. Не треба да бидете зависни еден од друг и сосема нормално е и двајцата да имате пријатели надвор од врската.

Зошто сум со оваа личност?

Дали сте во врска бидејќи навистина го сакате партнерот, или само затоа што ви е страв да бидете сами?

Стравот од осаменост никогаш не треба да биде причина за брак.

20-prashanja-shto-morate-da-si-gi-postavite-pred-da-se-odluchite-na-brak-06.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
5 причини зошто и животот без партнер може да биде убав Нема да се расправате со некој зошто ги оставил чорапите на подот, а и никој нем...
Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
„Бремена сум, а партнерот има афера со колешка, како треба да постапам?“ „Го сакам мојот партнер и сум во шестиот месец од бременоста и би сакала нашето ...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
Знаци дека партнерот не ужива во сексот со вас (и што да направите околу тоа) Ако кај партнерите не постои спонтано допирање кое претходно постоело или прегра...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg