Како ТАА да трча по вас?
Многу мажи уште на самиот почеток во врската ја уништуваат можноста да се покажат во најдобро светло. Ова се трикови кои би можеле да ви го...
...олеснат патот до женското срце.
5. Влезете и во главата. Морате да ја натерате таа да мисли повеќе на вас отколку вие на неа. Најлесен начин е старото добро познато глумење недостижност и верувале или не – уште пали. Ако ве викне да се дружите, одговорете и дека не сте сигурен дали ќе стигнете бидејќи веќе имате договорено.
4. Тестирајте ја. За да натерате девојка да трча по вас, мора да ги замените улогите. Поставете се како да сте вие оној кој бира. Низ шега поставувајте прашања од типот: „Што мислиш, што најмногу им се допаѓа на мажите кај тебе, освен изгледот?“
3. Бидете духовити. Ова е една од основните работи. Со хумор најлесно ќе освоите жена. Една од најдобрите причини заради која таа ќе сака да поминува повеќе време со вас. Духовитите мажи и биолошки ги привлекуваат жените затоа што создаваат позитивно чувство кое таа не може да го игнорира.
2. Немојте да играте со отворени карти. Кога ќе запознаете девојка не смеете да бидете „отворена книга“. Пуштете да добие желба да ве испраша се што ја интересира и искористете ја моќта на зборот „можеби“ – „Морам да се вратам кај пријателите, но можеби ќе се видиме подоцна.“
1. Немојте да трчате по неа. Ако постојано се трудите да се пуштите на се што е женско никогаш нема да дочекате жените да почнат да се борат за вас. И тоа е основниот чекор: мора да престанете да трчате по жените и да почнете да градите таинственост и напнатост која магнетно ги привлекува.