Финансиско неверство - Што претставува и како да го препознаете?

Сигурно многупати сте слушнале за сексуално и емотивно неверство, но една друга форма на неверство им создава сè повеќе проблеми на паровите.

Atipicen tip neverstvo so koe se borat mnogu parovi 01

Дали некогаш сте слушнале за терминот финансиско неверство? Тоа е форма на однесување во врска или брак, што се манифестира со неискреност за финансиската состојба. Поконкретно, тоа е чин на прекумерно трошење и акумулирање на долгови без знаење на партнерот.

Оваа форма на неверство ја вклучува и секоја финансиска одлука донесена без консултација со партнерот, која има негативно влијание врз односот на парот или нивната финансиска стабилност.

Голем број неодамнешни истражувања покажаа дека финансиското неверство е во пораст и се случува меѓу парови од сите возрасти.

Импулсивното и тајно купување и непланираното трошење се меѓу најчестите финансиски проблеми со кои се соочуваат паровите. Кога се открива вистината, постои сериозно кршење на довербата меѓу партнерите, а страната од која проблемите биле скриени се чувствува измамено.

Atipicen tip neverstvo so koe se borat mnogu parovi 02

Тешко е да се верува дека некој може толку многу да ве лаже, некој за кој мислевте дека го разбирате и дека можете да го „прочитате“. Кавгите поврзани со парите се потешки и траат подолго.

Навиките на потрошувачите најчесто стануваат проблем кога парот ќе направи голема инвестиција, како што е купување нов автомобил или стан, и во неочекувани кризни ситуации кога итно им требаат пари.

Само тогаш на површина излегуваат тајните на овој тип измамници.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
Знаци дека партнерот не ужива во сексот со вас (и што да направите околу тоа) Ако кај партнерите не постои спонтано допирање кое претходно постоело или прегра...
Прашања кои треба да си ги поставите ако размислувате да ставите крај на врската или бракот Дали само се расправате или ги решавате проблемите? А, дали имате заедничка визи...
Знаци дека траумите од детството ви го уништуваат љубовниот живот (и како да си помогнете) Дали често ви се случува први да му раскинете на партнерот, затоа што постојано ...
Навики со кои несвесно си ја уништувате врската, низ илустрации Го критикувате партнерот за секоја ситница и си давате слобода да одлучувате за ...
5 причини зошто некои луѓе остануваат во токсични врски Ниска самодоверба, но и страв од осаменост – кои се најчестите причини зошто луѓ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg