Мажите откриваат: Каква треба да биде идеалната жена?
„Да можеме да не правиме ништо и да уживаме во тоа. Со сопругата можеме цел викенд да се излежуваме на креветот и да ни е убаво.“
Потрагата по вистинската личност е навистина тежок и долготраен процес.
Како мажите одбираат со каква жена сакаат да го минат животот? Кои квалитети треба да ги поседува таа?
Мажите искрено откриваат:
„Со неа треба да имам доверба, комуникација, сексуална компатибилност, способност за простување и барем неколку заеднички интереси – тоа е тоа што го прави бракот силен. Како знам? Па, во среќен брак сум веќе 20 години.“
„Само хармонија со неа и ништо друго.“
„Онаа со која разговорите не можат да ни завршат.“
„Со смисла за хумор! Ако јас и таа не можеме да се смееме на исти работи, тогаш не можеме да бидеме заедно.“
„Да можеме да не правиме ништо и да уживаме во тоа. Со сопругата можеме цел викенд да се излежуваме на креветот и да ни е убаво.“
„Да мириса убаво и да полудува од време навреме.“
„Да биде на иста бранова должина со мене. Да ги сакаме истите работи.“
„Да сакам да бидам со неа по сексот.“
„Онаа што сака да експериментира во креветот, но и е способна да одржува добри врски со моето семејство и пријатели.“
„Да има свои интереси и хоби.“
С. С. | Црнобело