Вистини и невистини за сексот 2
Тој мисли дека таа не сака секс за време на месечниот циклус. Заблуда! Вистина е дека голем број жени баш тие денови чувствуваат неодолива потреба за секс. Зошто?
Како и секогаш кога се жените во прашање, причините се веројатно од психичка природа. Многу жени тогаш се поопуштени и водат љубов без страв дека ќе забременат.
Тој мисли дека таа не го сака ако не доживеала оргазам. Повторно заблуда! Оргазмот не е синоним за љубов. Дали е жената во состојба да доживее максимално сексуално задоволство или не зависи од нејзината способност да се опушти и потполно да се препушти на возбудувањето во текот на љубовниот чин, како и од довербата и интензитетот на чувствата кои ги има кон партнерот. Тешко дека таа вистински ќе ужива ако стравува од погледите на минувачите (ако водите љубов во автомобил) или од неочекувано доаѓање на родителите.
Тој мисли дека таа може да доживее повеќекратен оргазам. Вистина! Нејзиниот организам е „програмиран“ за низа последователни оргазми бидејќи клиторисот не може да „се смири“ уште некои десет минути по првиот оргазам. Значи, таа е веднаш подготвена за нови возбудувања.
Тој мисли дека главоболката е нејзин лош изговор. Вистина! Постојат порасти и падови во сексуалната желба, како кај мажите, а така е и кај жените. На повеќето припадници на послабиот пол не им е едноставно да го одбијат партнерот, со остро објаснување дека не се расположени за љубов. Затоа измислуваат изговори, верувајќи дека така помалку ќе ги повредат чувствата на патрнерот. За жал, таквите измислени причини оставаат многу подлабока трага на машката сексуалност.
Тој мисли дека жената се согласува на секс само тогаш кога сака. Заблуда! Како и мажите и жените чувствуваат потреба за секс без длабоки емоции. Рекреативниот секс не е непознаница за жените, ниту пак некогаш бил. Меѓутоа кога е либидото во прашање, кај жените сè се одигрува во главата. Доколку нејзиниот однос со партнерот е полн со разбирање и нежности, нејзиното тело побргу ќе реагира на возбудувањето кое кај неа го буди неговиот поглед (помалку или повеќе безобразен), бакнежот, прегратката или едноставно - физичкиот допир.