Хоакин Феникс и Руни Мара ќе станат родители – Кои лекции можеме да ги научиме од прекрасниот холивудски пар?

Не се обидувајте да ги поправите ситните недостатоци, туку славете ги

Фотографијата подолу му докажа на светот колку е искрена љубовта помеѓу овие двајца. Веднаш по доделувањето на Оскарите, Руни и Хоакин јаделе вегански бургери седнати на земјата.

Минатата година актерот го откри слаткиот прекар што го користи за Руни. Наводно, тој покрај себе има „валкан змеј“. Веројатно Руни е малку неуредна личност, но наместо да ја критикува за тоа, Хоакин ја прифатил, па дури смета и дека нејзиниот „недостаток“ е сладок.

ljubovni-lekcii-shto-mozheme-da-gi-nauchime-za-hoakin-feniks-i-runi-mara-05.JPG

Љубовта нè тера да бидеме најдобрата верзија од себе

Хоакин и Руни имаат соработувано на три филмови – „Her“, „Mary Magdalene“ и „Don’t Worry He Won’t Get Far on Foot“. Во секој од филмовите нивната изведба е извонредна.

Руни и Хоакин се вегани и заедно се борат за правата на животните, а имаат направено и документарец на оваа тема – „Dominion“.

Тие се поддржуваат еден со друг и си помагаат да го извлечат најдоброто од себе.

ljubovni-lekcii-shto-mozheme-da-gi-nauchime-za-hoakin-feniks-i-runi-mara-06.JPG

Возраста не ја дефинира врската

Хоакин е постар од Руни околу 11 години, но оваа разлика не им менува ништо.

Всушност, тие никогаш немаат ни прозборено за ова.

ljubovni-lekcii-shto-mozheme-da-gi-nauchime-za-hoakin-feniks-i-runi-mara-07.JPG

Важни се и малите нешта

И покрај тоа што се огромни филмски ѕвезди, актерите живеат едноставен живот.

Сакаат да си играат со нивните кучиња, сакаат да читаат и да медитираат. Еднаш актерот изјави дека иако не гледа филмови, поминал 10 часа гледајќи документарец само затоа што Руни го сакала.

Ова покажува дека и малите нешта се важни и дека и најмалиот гест нема да остане незабележан.

ljubovni-lekcii-shto-mozheme-da-gi-nauchime-za-hoakin-feniks-i-runi-mara-08.JPG

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

21 работа во сексот што секој треба да ја направи барем еднаш (18+) Ако партнерот доживеал оргазам, а вие не, кажете му го тоа и бидете искрени дека...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
Прашувам за пријател: Мојот нов дечко не знае дека имам дете – како да му кажам, а да не ме остави? „Проблемот е во тоа веќе двапати бевме на состанок, а јас не сум му кажала дека ...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...
„Девојка ми не сака да работи и очекува јас да плаќам за сè – мислам дека е мрзлива и има нереални ж... „Со девојка ми сме заедно повеќе од две години. Ми кажа дека сакала само јас да ...
4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg