Хоакин Феникс и Руни Мара ќе станат родители – Кои лекции можеме да ги научиме од прекрасниот холивудски пар?
Според гласините, Хоакин и Руни го очекуваат нивното прво дете. Се верува дека 35-годишната актерка е веќе во шестиот месец од бременоста, и дека детето ќе се роди кон крајот на летото.
Руни и 45-годишниот актер моментално се изолираат во нивниот дом во Лос Анџелес и сè уште се немаат огласено за новостите, но на 10-ти мај, младата актерка беше забележана со широка блуза, под која веројатно го крие трудничкото стомаче.
Откако Хоакин го привлече вниманието на јавноста со улогата во „Joker“, но и заслужениот Оскар за истата, светот почна да зборува за неговата врска со колешката Руни Мара.
И има причина за тоа – актерите изгледаат како највљубениот холивудски пар, а хемијата меѓу нив е повеќе од очигледна.
Па, сигурно можеме да научиме нешто за љубовта од нив двајцата - на кои лекции нè учат?
Не плашете се да го направите првиот чекор
Руни му го привлекла вниманието на Хоакин уште кога соработувале на филмот „Her“. Но, актерот бил убеден дека не ѝ се допаѓа, па се плашел да ѝ пријде.
Од друга страна, и Руни се чувствувала исто, но била премногу срамежлива.
„Таа е единствената девојка што сум ја пребарал на интернет. Бевме само пријатели. Никогаш не сум го направил тоа. Никогаш не сум пребарувал девојка онлајн“, изјави актерот за неговата сакана.
Понекогаш само треба да бидете тука за вашиот партнер
Актерот долго време се справува со анксиозност, а кога ќе земете предвид дека е јавна личност, ова дефинитивно му претставува голем проблем. Но, Руни е секогаш овде за него и во секој момент му ја дава потребната поддршка.
Всушност, погледнете фотографии од кој било настан на кој присуствуваат двајцата и ќе забележите колку се грижат еден за друг.
Ако сметате дека таа личност е вистинската, не ја испуштајте
Актерите се верија во 2019-та, а во 45 години живот, ова му било првпат на Хоакин да го постави големото прашање.
Интересно е што фановите не ни очекуваа актерите некогаш да се верат, но изгледа и двајцата само го чекале вистинскиот партнер.