Хоакин Феникс и Руни Мара ќе станат родители – Кои лекции можеме да ги научиме од прекрасниот холивудски пар?
Не се обидувајте да ги поправите ситните недостатоци, туку славете ги
Фотографијата подолу му докажа на светот колку е искрена љубовта помеѓу овие двајца. Веднаш по доделувањето на Оскарите, Руни и Хоакин јаделе вегански бургери седнати на земјата.
Минатата година актерот го откри слаткиот прекар што го користи за Руни. Наводно, тој покрај себе има „валкан змеј“. Веројатно Руни е малку неуредна личност, но наместо да ја критикува за тоа, Хоакин ја прифатил, па дури смета и дека нејзиниот „недостаток“ е сладок.
Љубовта нè тера да бидеме најдобрата верзија од себе
Хоакин и Руни имаат соработувано на три филмови – „Her“, „Mary Magdalene“ и „Don’t Worry He Won’t Get Far on Foot“. Во секој од филмовите нивната изведба е извонредна.
Руни и Хоакин се вегани и заедно се борат за правата на животните, а имаат направено и документарец на оваа тема – „Dominion“.
Тие се поддржуваат еден со друг и си помагаат да го извлечат најдоброто од себе.
Возраста не ја дефинира врската
Хоакин е постар од Руни околу 11 години, но оваа разлика не им менува ништо.
Всушност, тие никогаш немаат ни прозборено за ова.
Важни се и малите нешта
И покрај тоа што се огромни филмски ѕвезди, актерите живеат едноставен живот.
Сакаат да си играат со нивните кучиња, сакаат да читаат и да медитираат. Еднаш актерот изјави дека иако не гледа филмови, поминал 10 часа гледајќи документарец само затоа што Руни го сакала.
Ова покажува дека и малите нешта се важни и дека и најмалиот гест нема да остане незабележан.
Спирова С. | Црнобело