„Одлучив, ќе се состанувам сама со себе“ - 14 хит изјави од сингл девојки
„Верувам дека маж може да биде иритантен на прв поглед“ и уште 13 хит изјави од сингл девојки.
Состанувањето понекогаш знае да биде тешко, а љубовните врски напорни, па затоа многу девојки уживаат кога се сингл.
Тука нема разочарувања, ниту губење време на погрешна личност
Хит изјави од сингл девојки што слатко ќе ве насмеат:
„Сладок си, но не доволно за да ми го уништиш животот.“
„Како и да е, одлучив ќе се состанувам сама со себе.“
„Повеќе не си мажот што го запознав на интернет.“
„Таа најмногу сакаше измислени мажи.“
„Верувам дека маж може да биде иритантен на прв поглед.“
„Таа повеќе не можеше да се преправа дека тој не е идиот.“
„Сè помалку имав причини да не го задавам со голи раце, затоа сега сум сингл и среќна.“
„Се обидувам да те замислам со карактер.“
„Ме праша зошто куќата не е чиста кога сум дома цел ден, јас го прашав зошто не сме богати кога тој работи по цел ден и му кажав да се спакува.“
„Тој дише, а јас му велам дека мора да почне да го промени своето иритантно однесување (да, само дише). Сингл е подобра опција, дефинитивно!“
„Влегувањето во врска изгледа како добра идеја, но и качувањето на Титаник изгледало како добра идеја, па видете што се случи.“
„Сингл луѓето гледаат среќни парови насекаде, паровите гледаат среќни сингл луѓе насекаде.“
„Спијам мирно, знам дека сум сингл и никој не ме изневерува.“
„Кога некој ќе ме праша зошто сум сингл, само му одговарам - а зошто да не? Прекрасно е!“
С. С. | Црнобело / depositphotos.com