Секс прашања со кои ќе се поврзете со партнерот на многу поинтимно ниво
„Со кој потег најбрзо те имам доведено до оргазам? Која е најдобрата работа во нашиот сексуален живот?“ – дали со партнерот отворено разговарате на тема секс?
Без разлика дали сте во тазе врска или сте 10 години во брак, на сексуалниот живот секогаш му е потребен поттик и нова енергија.
Секогаш е забавно да се постават некои прашања и да се размрда ситуацијата.
Сигурно сè уште постојат работи кои не ги знаете за својот партнер, па затоа најдобро е отворено да разговарате.
Поставете му дел од овие прашања за да се поврзете на едно ново поинтимно ниво:
1. Која е твојата најскриена сексуална фантазија?
2. Кое е најчудното место на кои си имал/а секс?
3. Кој ти е омилен дел од моето тело?
4. Ако имаше можност да одбираш што би носел/а сега, што би одбрал/а?
5. На кој дел од телото најмногу сакаш да бидеш допиран/а?
6. Ако можеш да имаш секс каде било на светот, на кое место би било тоа?
7. Која ти е омилената секс поза?
8. Колку често мастурбираш?
9. Каков тип на порно филмови сакаш да гледаш?
10. Кој ти бил најдобриот оргазам досега?
11. Ако сме излезени на вечера и ти кажам дека сакам да имаме секс веднаш, што ќе направиш?
12. Кој е максималниот број на „партии секс“ што си ги имал/а во еден ден?
13. Кое е најчудното место на кое некогаш си мастурбирал/а?
14. Дали сакаш контакт со очи за време на секс?
15. Што ти ја зголемува сексуалната желба?
16. Колку време најдолго си минал/а без секс?
17. Со кој потег најбрзо те имам доведено до оргазам?
18. Која е најдобрата работа во нашиот сексуален живот?
С. С. | Црнобело