Најмудрата лекција која мајка ми ми ја раскажа на тема љубов
За љубовта – толку комплицирано, а толку едноставно.
Неодамна ја прашав мајка ми дали е можно да се заљубиш во идиот.
Мајка ми, со несвесна иронија, ми одговори:
Можеш да се заљубиш и во нокшир.
Но, тогаш најискрено признај си дека сакаш нокшир и од него не очекувај ништо повеќе отколку што може да се очекува од еден нокшир.
И сè ќе биде во ред, додека го користиш за она за што е наменет.
Но, тешко тебе, ако се заљубиш во нокшир, а на сите им раскажуваш дека си уловила Фабержеово јајце и сега имаш неверојатно богатство.
А, уште полошо, и самата ако почнеш да веруваш дека тоа јајце може да ти донесе капитал и дека само со повремено стоење на полицата, ќе засвети со сиот сјај.
На кратко, научи да го сакаш она во што си се заљубила, а не во она што сметаш дека има потенцијал да стане.
М. Д. | Црнобело