Работи што секој секс терапевт би сакал да ги знаете
Не постои 100% безбеден секс
Секогаш треба да ги преземете сите мерки за да се заштитите од болести и несакана бременост. Но, факт е дека никогаш не можете да бидете 100% сигурни, па не ги испуштајте редовните прегледи на лекар.
Мора да постои обострана согласност
Едно од најлошите верувања поврзани со сексот е дека едноставно „ќе познаете“ ако некој сака да има секс со вас.
Но, без разлика какви сигнали добивате од другата личност, сè додека не добиете вербална согласност, најдобро е да не продолжувате понатаму.
Денес луѓето имаат помалку секс
Сè повеќе луѓе отворено зборуваат за сексот, но на големо изненадување на сите, едно истражување покажало дека луѓето денес имаат помалку секс од минатото.
Наводно, се зголемила и возраста за првиот секс, па повеќето луѓе го имале првото сексуално искуство после 18-тиот роденден.
Истовремено, истражувањето покажало дека од 54%, бројот на средношколци кои имале секс е намален на 40%.
Лубрикантот е неопходен за анален секс
Аналниот секс сè уште е табу-тема, но доколку уживате во него, важно е да го изведете правилно.
Лубрикантот е неопходен во овој случај, бидејќи за разлика од вагината, аналниот отвор не се навлажнува самиот. Со користењето лубрикант ќе ги избегнете можните повреди, но и многу повеќе ќе уживате во аналниот секс.
Здравата сексуална врска бара работа
На повеќето луѓе не им е тешко да имаат секс, она што е тешко да се добие е добриот секс.
Важно е да знаете дека за да изградите здрава и исполнувачка сексуална врска, мора да поработите на тоа.
Многумина веруваат дека штом се сакате со партнерот, добриот секс нема да изостане. Но, ова е друг аспект од вашата врска и мора да соработувате за да го постигнете она што го сакате.
И мажите можат да имаат ниско либидо
Популарната култура нè тера да веруваме дека мажите се секогаш подготвени за секс. Ова е стереотип што им штети на сите мажи и момчиња.
И мажите имаат емоции кои можат да влијаат врз нивната желба за секс. Истовремено, можат да се соочат и со физички пречки, како замор, болест или одредени лекови.
Мажите, но и жените, треба да се свесни дека само затоа што еден маж не е секогаш расположен за секс, не значи дека не е мажествен или непривлечен.
Спирова С. | Црнобело