Знаци кои покажуваат дека на вашиот сексуален живот му треба малку страст
Рутината може да биде одлична, особено на работа или во фитнес центар, но за неа не треба да има место во сексуалниот живот.
Проблемот е што повеќето често не ни забележуваат дека полека, но сигурно, влегуваат во сексуална рутина. И, тогаш станува потешко да излезат од истата.
Затоа, внимавајте на раните знаци кои јасно укажуваат дека на вашиот сексуален живот му треба малку страст:
За вас не постои секси долна облека
Не сакате да носите заводлива долна облека? Мислите дека имате неколку килограми вишок, па затоа ова не би било соодветно за вас. А, и зошто да се мачите кога ќе се соблечете?
Решение: Можете да најдете секси долна облека во секоја можна големина, а истата може да ја направи атмосферата многу повозбудлива. И за вас, и за вашиот партнер.
Една монотона година
Последен пат водевте љубов пред година дена, на годишен одмор, а тоа е навистина вознемирувачко.
Решение: Бидете малку креативни и опуштете се. Не мора да одите далеку за да го промените тоа. Бидете креативни - доколку ви е здодевна спалната, секогаш можете да ги пробате бањата или кујната.
Заглавени во иста поза
Кога станува збор за секс пози, би можело да се каже дека во последните две години почесто ја менувате бојата на косата отколку положбата.
Решение: Дали треба да ве потсетиме дека можете да имате секс на сто различни начини: да седите, да стоите, да бидете над него... Експериментирајте, истражувајте, пронајдете ја позицијата што најмногу ви одговара.
Презирате секси играчки
Секси играчките и додатоците ги сметате само за хумористичен подарок на некоја луда женска забава.
Решение: Промена на перспектива. Одете во продавница за секс играчки со партнерот и одберете нешто заедно. Уште овој чекор ќе ве возбуди и ќе ве подготви за она што следи.
Откако ќе бидете убедени дека ова може да биде и забавно и пријатно, истото ќе стане вашата омилена игра, што може да донесе и посебна, нова блискост помеѓу вас и вашиот партнер.
Ашера | Црнобело