Жените најмногу ги привлекуваат 6 години постари мажи - 11 интересни податоци за љубовта
Некои статистики од овој список ќе ве насмеат: на пример, жените кои одат на прв состанок, со маж што го сретнале на интернет, најмногу се грижат дали е личноста што ја избрале сериски убиец, додека момците се мачат со прашањето - дали е девојката дебела во живо?
1. Дури 95% од мажите сакаат, односно би сакале девојката да го направи првиот чекор.
2. 89% од помладите мажи сакаат да запознаваат постари жени, затоа што мислат дека имаат повеќе сексуално искуство и можат да учат од нив.
3. Жените иницираат прекинување на врската почесто од мажите.
4. Во просек, жените најмногу ги привлекуваат мажите кои се шест години постари од нив.
5. Дури 89% од испитаниците веруваат дека проблемите со врските се појавуваат кога едниот партнер има проблеми со самодовербата.
6. Жените повеќе ги привлекуваат мажите облечени во нешто сино.
7. Дури 39% од жените попрво би се откажале од секс една година отколку од нивната омилена храна.
8. Кога станува збор за запознавање преку интернет, жените се плашат дека идниот партнер може да биде сериски убиец, додека мажите имаат страв дека нивниот животен партнер ќе биде дебел.
9. Верувале или не, дури 73% од мажите велат дека нивниот примарен интерес е да најдат некоја девојка за долгорочна врска.
10. 57% од мажите сметаат дека размислувањето за својата поранешна партнерка ги спречува да влезат во нова врска.
11. 64% од жените велат дека го промениле изгледот по раскинувањето.
Ашера | Црнобело