Работи кои не можете да ги промените кај мажот
Обидите да го промените мажот речиси секогаш се неуспешни, без разлика дали се работи за секојдневни навики како фрлање на чорапите насекаде или за поголеми проблеми, на пример неверство.
И покрај тоа што некои работи некогаш можеби можат да се сменат, сепак, постои листа од 6 работи кои мажите се согласни дека никогаш не би ги промениле:
1. Обожавањето на кучиња
Без оглед на тоа колку партнерката се гади кога кучето ќе му го излиже носот, мажот не е подготвен да се откаже од својот миленик.
2. Зависност од телевизија
Залудно се обидувате да го мотивирате мажот да стане од пред телевизорот. Оваа навика никогаш нема да ја промени, па затоа размислете со време дали може да ја прифатите.
3. Љубов кон пиво
Колку и да сакате да ги раздвоите, нивната љубов е поголема. Не си го губете времето залудно. Секако, ако си ги знае границите.
4. Љубов кон спортот
И во овој случај ќе мора да најдете компромис со спортскиот фанатик, бидејќи љубовта кон спортот или тимот никогаш не доаѓа во втор план.
5. Мамин син
Не постои нешто што може да ја раскине оваа врска, без оглед на тоа колку години има мажот. Мајката е секогаш влијателна, па е подобар сојузник, отколку ривал.
6. Брз тип кој не го држи место
Има мажи кои домот го сметаат само за место за преспивање, а во текот на денот сака да се види со колеги, пријатели, да испланира кратко патување, ручек... Секако, ако оваа хиперактивност ве вклучува и вас, не би требало да ви претставува голем проблем.
М. Д. | Црнобело