Колкава е шансата вашата пријателка да заврши со вашиот бивш дечко?
Можеби сте убедени дека вие никогаш не би го сториле тоа и дека вашите пријателки никогаш не би направиле такво нешто, но статистиката не го поддржува овој вид размислување.
Неодамнешно истражување спроведено од апликацијата „Plenty of Fish“ покажа дека дури една третина од испитаниците го завршиле пријателството токму заради врската со нивните поранешни партнери.
На прашањето „Колку се придржуваат кон правилата дека не е правилно да бидеме со поранешните партнери на нашите пријатели“, 77% рекле дека секогаш или честопати се придржуваат кон тоа, 18% рекле дека се придржуваат само понекогаш, а само 5% признале дека не им е важно ова правило.
Исто така, 77% од испитаниците рекле дека доколку се заљубат во поранешниот партнер на нивниот пријател, би го замолиле истиот пријател за дозвола да започнат да се дружат со таа личност.
Она што е интересно е разликата во ставовите во однос на генерацискиот јаз. На пример, 78% од родените меѓу 1944 и 1964 година сметаат дека ваквото однесување е неприфатливо, додека истото го сметаат само 66% од оние родени меѓу 1995 и 2000 година.
Мислењата се разликуваат и кога станува збор за мажи и жени - па 63% од жените се согласуваат дека е тотално неприфатливо да се впуштат во какви било односи со поранешниот партнер на својот пријател, додека само 33% мажи го делат истото мислење.
Ова е само уште еден доказ дека мажите и жените, очигледно, живеат по сосема различни правила.
Ашера | Црнобело