10 „модерни“ знаци дека вашата врска станува сериозна
Имате заеднички Netflix профил
Како што кажавме, Netflix e неизбежен дел од секоја модерна врска.
А, штом сте му ја дале лозинката на партнерот, или обратно, тоа значи дека навистина си верувате.
Сепак, станува збор за платена услуга и штом ќе му ја дадете лозинката на партнерот, му покажувате дека верувате во него и дека почнувате со какви-такви заеднички инвестиции.
Притоа, можеби ќе сфатите дека е поевтино да имате заеднички профил, отколку два различни. На некој начин, ова се претвора во вашата прва заедничка инвестиција.
Спиењето заедно не секогаш значи и секс
На почетокот од врската нормално е да не можете да ги тргнете рацете од вас. Ја користите секоја прилика за секс и речиси и да не се случува да преспиете заедно без да водите љубов.
Но, кога врската ќе стане сериозна, сексот не е секогаш приоритет. Ова не значи дека не го сакате, туку, едноставно, сексот не ви е неопходен и понекогаш ви е сосема доволно само да заспиете прегрнати.
Тишината не е непријатна
Повеќе не чувствувате потреба да ја исполните тишината со зборови.
Можете да бидете во иста просторија, да си гледате во телефоните, да си работите нешто, воопшто да не комуницирате, а притоа да се чувствувате одлично.
Всушност, вие уживате во вашето друштво и знаете дека тишината не значи смрт за вашата врска. Знаете дека никој не разговара постојано и не чувствувате потреба да го правите тоа.
Сепак, дури и ако ги забележите сите знаци, добро би било да разговарате со партнерот на оваа тема. Треба и двајцата да знаете на што сте и дали го очекувате истото од врската.
Спирова С. | Црнобело