10 „модерни“ знаци дека вашата врска станува сериозна

Во светот на модерните врски, навистина е тешко да одредите каде се наоѓа вашата.

10-znaci-deka-vashta-vrska-stanuva-seriozna-01.JPG

Не можете со сигурност да знаете дали партнерот е заинтересиран за нешто сериозно, а проблемот е што на сè повеќе млади парови им е страв да разговараат на оваа тема.

Доколку се прашувате до каде стигнала вашата врска, но не сте подготвени за тој разговор со партнерот, треба да обрнете внимание на неколку знаци.

Бидејќи многу нешта, вклучувајќи ги врските, се драстично променети, погледнете кои се модерните знаци дека вашата врска станува сериозна:

Имате „заедничка“ серија што ја гледате заедно

Netflix стана неизбежен дел од секој љубовен состанок, па може да ви помогне да одредите до каде стигнала вашата врска.

Размислете дали секојпат гледате нешто различно, или веќе си имате заедничка серија?

Доколку имате серија што ја гледате само заедно и навистина сте ѝ посветени, тоа е еден знак дека вашата врска станува сериозна.

Партнерот го користи зборот „ние“ кога зборува за иднината

Ако сте забележале дека наместо „Сакам да одам во Австралија“ партнерот вели „Сакам да одиме во Австралија“, ова дефинитивно кажува нешто.

Партнерот веќе може да замисли иднина со вас, па почнува да ве вклучува во сите негови планови.

Ова јасно кажува дека сака да бидете дел од неговиот живот и многу години подоцна.

10-znaci-deka-vashta-vrska-stanuva-seriozna-02.JPG

Објавува фотографии со вас на социјалните мрежи

Колку и да не ни се допаѓа, социјалните мрежи сепак станаа во одредени делови мерило за врските.

Имајте на ум дека ако партнерот не е активен корисник на социјални мрежи, треба да го занемарите ова „правило“.

Доколку е активен и веќе почнал да објавува фотографии со вас или пак, ви остава коментари и пишува објави поврзани со вас, тогаш очигледно сака да се пофали дека сте дел од неговиот живот.

Односно, ова значи дека е сигурен во вашата врска и планира да остане со вас долго време, но секако, не смее да се потпрете само на овој знак, бидејќи може да се работи само за манипулација.

Сте ги избришале апликациите за состанување

Апликациите за состанување се одлични за „самците“, но штом ќе започнете сериозна врска, повеќе не ви се потребни.

Доколку и вие и партнерот сте ги избришале овие апликации, тоа е јасен знак дека сте заинтересирани само еден за друг и сте сериозно вклучени во врската.

10-znaci-deka-vashta-vrska-stanuva-seriozna-03.JPG

Членовите на вашите семејства ве „додаваат“ на социјалните мрежи

Ова покажува две нешта.

Најпрво, неговото семејство дефинитивно знае за вас штом ве пребарале на социјалните мрежи. А, секој знае дека најчесто со родителите ја споделуваме само врската што ја сметаме за сериозна.

Истовремено, ова значи дека семејството на партнерот ве гледа како блиска личност. Вие не сте личност која партнерот само ја спомнал. Веројатно многу им зборувал за вас, па тие се чувствуваат доволно пријатно да ви станат онлајн пријател.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
Знаци дека партнерот не ужива во сексот со вас (и што да направите околу тоа) Ако кај партнерите не постои спонтано допирање кое претходно постоело или прегра...
Знаци дека траумите од детството ви го уништуваат љубовниот живот (и како да си помогнете) Дали често ви се случува први да му раскинете на партнерот, затоа што постојано ...
Навики со кои несвесно си ја уништувате врската, низ илустрации Го критикувате партнерот за секоја ситница и си давате слобода да одлучувате за ...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg