И оние во врска се чувствуваат осамено - 5 работи што треба да ги знаат сите „самци“

Разговарајте со себе и бидете искрени. Што е она што го барате во партнерот, на што би се согласиле, а на што не? 

Da zapoznaete nekoj sto e dobar za vas e prasanje na sreka 01

Во никој случај не треба да ги менувате вашите активности само за да го задоволите потенцијалниот партнер.

Клиничкиот психолог Џени Таиц и сексуалниот терапевт д-р Стивен Снајдер истакнуваат дека осаменоста не е нешто што го чувствуваат само луѓето кои се сингл.

Па доколку сте сингл и ве „мачи“ тоа, добро би било да ги знаете следниве работи:

И во врските некои луѓе се чувствуваат осамено

Само затоа што имате некој што го нарекувате партнер, не значи дека не можете да се чувствувате осамено. Вашиот партнер можеби не ве слуша кога зборувате за вашите интереси, можеби не ги знае сите делови од вашата личност, или можеби никогаш не е со вас, бидејќи работи премногу.

„Речиси секој повремено се чувствува осамено“, вели д-р Снајдер.

Но, сигурно не сакате да завршите во лоша врска. Затоа, кога се чувствувате осамено, тој препорачува да му дозволите на тоа чувство да помине.

Поврзувајте се повеќе со пријателите и семејството

Романтичните односи се само еден начин на блискост со луѓето што прават да се чувствуваме среќно и исполнето. Тие чувства можете да ги имате и со негување на силни, значајни односи со пријателите или семејството.

„Запомнете, осаменоста е состојба на умот, па ако го поминувате времето во дружење со блиските пријатели, нема да се грижите толку многу за наоѓање партнер“, смета Таиц.

Негувајте ги активностите во кои уживате

Ако сакате да одите во кино, на уметничко лизгање, во музеи и слично, сторете го тоа. Не чекајте врската да ве извлече.

„Учеството во активности што се во согласност со вашите вредности, исто така може да ви помогне да се чувствувате подобро кога сте сами, бидејќи ќе ви даде чувство на цел“, вели Таиц.

Затоа, размислете како се чувствувате кога напредувате во нешто или кога ги правите работите што ви се драги и лесни за правење.

Ако користите апликации за запознавање, користете ги мудро

И двајцата експерти се согласуваат дека апликациите за запознавање се позитивни за самците, бидејќи со нив го ширите својот круг на потенцијални партнери. Но, истите се навистина корисни само ако ги користите мудро.

„За да се чувствуваме поврзани со некого, треба да му посветиме целосно внимание“, вели Таиц.

Проблемот е што со овие апликации, можеби ќе излезете со повеќе потенцијални партнери, но нема да се запознаете како што треба со речиси ниту еден од нив.

Da zapoznaete nekoj sto e dobar za vas e prasanje na sreka 02

Доколку не сте пронашле некој, тоа не значи дека нешто не е во ред со вас

Честопати, луѓето мислат дека самците не се целосно зрели. Но, има многу причини зошто некој е слободен и не е вистина дека сите сингл луѓе се несреќни или нешто им недостасува.

Да запознаете некој што е добар за вас е прашање на среќа, а не дали е сè во ред со вас.

Експертите велат дека денес има повеќе луѓе што се сингл, отколку кога било во поновата историја.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

5 причини зошто и животот без партнер може да биде убав Нема да се расправате со некој зошто ги оставил чорапите на подот, а и никој нем...
„Бремена сум, а партнерот има афера со колешка, како треба да постапам?“ „Го сакам мојот партнер и сум во шестиот месец од бременоста и би сакала нашето ...
Порно актерот Џони Синс со совет за мажите кои се срамат од ќелавоста: „Која е мојата тајна?“ „Почнав да ја бричам главата на 23 години затоа што морав, а не затоа што ми се ...
„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...
4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg