Жолта – потчинети во креветот: Омилената боја открива какви сте во сексот

Која е вашата омилена боја? Боите можат многу да откријат за карактерот на личноста, но и за тоа какви сме во сексот.

zolta-potcineti-vo-krevetot-omilenata-boja-otkriva-kakvi-ste-vo-seksot01-1.jpg

Да не должиме, проверете што можете да очекувате од вашиот партнер или партнерка во кревет.

Црвена – Очекувано, станува збор за страствена личност која знае да ужива во сексот, сака да презема иницијатива и бара сличен партнер како себе.

Виолетова – Открива личност која смета дека сексот е губење време. Жените кои ја сакаат оваа боја, поважна им е фризурата, а мажите пак го избегнуваат сексот по секоја цена.

Портокалова – Ова е омилена боја на личностите кои сакат да си ги остварат фантазиите во креветот. Ќе направат сѐ што е потребно само да партнерот да биде среќен и задоволен. Тие сакаат предигра и нежност.

Сина – На сексот гледаат како на уметност и пристапуваат со елеганција и стил. Мажите кои ја сакаат сината боја се посветуваат на вистинско задоволување на партнерката.

Розова - Ја сакаат вистинските заводници. Тие најчесто се сексуално незрели. Мажите кои ја сакаат ова боја ги менуваат често партнерките, а фетиш им е секс со непознати.

Сива – Омилена боја на несигурни и неодлучни љубовници. Тие имаат проблем со прифаќање на обврски, а сексот го гледаат само како чин на задоволување на потребите.

Зелена - Ја сакаат вредните и нежни партнери. Мажите се полни со разбирање за барањата на партнерките. Жените секој нов однос го доживуваат како „прв пат“.

Жолта – Оваа боја е омилена на оние кои се потчинети во креветот. Тие никогаш не би ги одбиле желбите на партнерот. Сопственото задоволство им е на второ место.

Црна – Љубителите на црната боја се моќни во креветот. Тие сакаат да биде сѐ како што замислиле. Се сметаат дека се отворени за нови предизвици и експериментирање.

Бела – Ако ваша омилена боја е белата, вие сте отворени за промена на сексуални партнери почесто од другите. Не сакате да се врзувате емотивно.

Е. П. | Црнобело/ фото: https://thenounproject.com/ Adrien Coquet & Мikicon 

Би можело да ве интересира:

4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
5 причини зошто и животот без партнер може да биде убав Нема да се расправате со некој зошто ги оставил чорапите на подот, а и никој нем...
21 работа во сексот што секој треба да ја направи барем еднаш (18+) Ако партнерот доживеал оргазам, а вие не, кажете му го тоа и бидете искрени дека...
„Бремена сум, а партнерот има афера со колешка, како треба да постапам?“ „Го сакам мојот партнер и сум во шестиот месец од бременоста и би сакала нашето ...
Помалку очигледни знаци дека ја привлекувате личноста што ви се допаѓа Често трепка кога зборува со вас и ги крева веѓите кога ќе ве здогледа – неретко...
Знаци дека партнерот не ужива во сексот со вас (и што да направите околу тоа) Ако кај партнерите не постои спонтано допирање кое претходно постоело или прегра...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg