Пет мажи во вашиот живот од кои секое момче се плаши
Не постои таков „фраер“ што ќе остане рамнодушен на самото спомнување на овие 5 мажи во вашиот живот.
Од вашиот најдобар пријател, татко, поранешен партнер, брат и шеф, дознајте зошто секој маж се плаши токму од овие луѓе во вашиот живот.
Кои се 5-те мажи во вашиот живот што го заплашуваат секое момче?
Најдобар пријател
Или поточно, вашиот сеприсутен најдобар пријател. Вие и тој си ги завршувате речениците еден на друг, споделувате многу убави спомени и минувате многу време заедно.
Вашиот партнер се плаши од него бидејќи редовно се прашува дали има нешто повеќе од пријателство меѓу вас, дали некогаш се случило нешто помеѓу вас и дали можеби ќе се случи повторно.
Поранешен партнер
Самиот факт дека вашиот поранешен партнер ве сакал, ве прегрнувал и спиел со вас, врши притисок врз вашиот сегашен партнер. Колку и да не сака, длабоко во него може да постои страв дека некогаш може повторно нешто да се случи помеѓу вас.
Татко
Таткото е секогаш заштитнички поставен кон ќерката и не е секогаш толку отворен кон нејзините момчиња, па очекувано е момците да чувствуваат притисок дека треба да се покажат многу добро пред него.
За среќа, со текот на времето, ќе се опуштат и ќе сфатат дека и двајцата ви го посакуваат само најдоброто.
Постар брат
Или да бидеме попрецизни, вашиот заштитнички настроен постар брат. Веројатно брат ви му се има и „заканувано“ на вашиот партнер дека ќе си има работа со него, доколку ве повреди на кој било начин.
Шеф
Секој фраер е по малку љубоморен на вашиот шеф, бидејќи тој се гледа редовно со вас. Доколку, пак, сте споделиле дека вашиот шеф е непријатна личност, партнерот сигурно ќе сака да се „пресмета“ со него. Но, не презема ништо бидејќи не сака да ги влоши работите.
Или пак, доколку сте блиски, работите заедно и честопати останувате заедно по работно време, одите сами на деловни патувања и слично, сигурно не му годи ова.
Каква и да е ситуацијата, вашиот шеф не е неговата омилена личност во вашиот живот.
Ашера | Црнобело