Глумете недостапни, децата ќе ве спасат – Најлошите совети за успешна врска
Добро е да го чуете мислењето на третата страна за вашата врска. Вашите пријатели можеби гледаат пореално на работите, но понекогаш даваат драстични совети, особено ако се во моментот слободни.
Сè им изгледа поедноставно отколку што навистина е. Ова се дефинитвно најлошите совети и митови за врски што сите сме ги слушнале сите:
Делувајте недостапно
Играњето игри, како „глумење недостапност“, генерално завршува со тоа што ќе останете сами. Покажете што чувствувате и сакате, немате што да изгубите.
Ако се преправате дека сте зафатени и мислите дека со тоа ќе покажете дека никој не може да ве освои, го правите спротивното.
Другата страна губи интерес и полека се повлекува, особено ако забележи дека сето тоа е само игра за вас.
Пронајдете некој што ги сака вашите хобија
Да се има партнер што ги сака истите работи звучи одлично, но генерално не завршува добро по секоја цена.
Некој што ви се допаѓа и кој сака да го помине животот со вас, ќе ги прифати сите работи поврзани со вас - и оние што ги сака, односно, не сака. Компатибилноста е најдобриот дел од врската.
Децата ќе ја спасат лошата врска
Односот кој е на многу нестабилен нема да го спасат децата. Можеби ќе ги маскираат лошите работи во таа врска, привремено, но истите ќе излезат на површина и врската ќе се распадне, а тоа е уште потешко за децата.
Задржете го бракот заради децата
Додека ова звучи како добар совет, на луѓето им е многу потешко да разберат дека врската или бракот немаат никаква понатамошна смисла. Сакаат да се разведат, но мислат дека е подобро да останат во лош брак, поради децата.
Попаметно и поздраво е детето да има разведени и среќни родители, отколку сите да живеат заедно и да бидат несреќни.
Вашиот совршен партнер ве чека некаде
Нема совршен партнер. Секој човек што ќе го сретнете ќе има недостатоци и ќе се појавуваат конфликти. Ако го прифатите овој факт, можеби вистинската личност ќе ја пронајдете многу побрзо од што очекувате.
Ашера | Црнобело