Неуредни нокти и стапала, невозвратен орален секс - 8 работи кои сите ги мразат во сексот
Секс експертот Трејси Кокс открива кои се оние работи и постапки кои жените и мажите не можат да ги „смислат“. Не е само да се „легне“ со некого, треба да внимавате и на деталите.
Ова се 8 работи кои ги мразат и жените и мажите во сексот:
1. Лош здив
Лошите хигиенски навики никому не му одговараат. Секогаш гледајте да се грижите да имате свеж здив.
2. Нечисти гениталии и мирис на пот
Потрудете се да сте истуширани или барем да не мирисате несоодветно.
3. Невозвратен орален секс
Никогаш немојте да бидете себични. Задоволството е најубаво кога е споделено.
4. Лоша техника
Седнете и проучете колку сте вешти во движењата.
5. Неуредни стапала и нокти
Не сакате да го уништите либидото со рапави пети или пожолтени нокти.
6. Спомнување на поранешните партнери за време на сексот
Никако. Никако. Никако.
7. Избегнување на контакт со очите
Давате впечаток дека мислите на трета личност.
8. Разговори за децата
Заборавете на момент на грижите и опуштете се!
Е. П. | Црнобело