5 знаци дека вашиот сопруг е изморен од вас, а не од работата
Дали забележувате дека вашиот сопруг постојано е изморен, слободното време го поминува во спиење или ве одбегнува и повеќе време поминува со пријателите?
Доколку ги забележувате сите овие работи, а сопругот постојано ви вели дека е изморен од работата и притоа постојано ве избегнува, голема е веројатноста проблемот да лежи во вас.
Ниту еден маж не може да поднесе токсична врска, жена која му се меша во секоја ситница од животот, се однесува со него како мајка, не му остава слободно време и му дише во врат, не дозволува ништо, постојано има замерки за него и ништо не ѝ чини.
Сосема е нормално во еден период од животот тој да се измори од вас, а не од работата...
Доколку се сомневате во односот и во себеси – проверете дали поседувате некои од следниве знаци.
Доколку се пронајдете во повеќето од нив, работата не е добра...
Никогаш не сте задоволна од ништо
Тоа што партнерот не ги прави работите што ги сакате или не ги завршува онака како што вие сакате, не значи дека е неспособен, ниту пак ви дава за право без прекин да се жалите за секоја ситница од него.
Доволно е да го научите со неговите маани и да се обидете да ги игнорирате, а притоа да кажете барем едно „благодарам“ на една од многуте работи што сигурно ги прави за вас (на каков-таков начин), а вие не ги забележувате бидејќи сте опседнати со критикување.
Го гледате како личност за исповедување и истурање бес
Мислите дека ако живеете заедно, се гледате секој ден и се имате потпишано во матично, имате право да го тормозите со секоја ваша глупост и не е страшно ако постојано го истурате бесот врз него, дури и кога не е виновен за ништо.
Мора да научите да најдете баланс, во ред е да се пожалите од работата или пријателките, но немојте да го труете по цели денови со вашите проблеми и да му ја истурате нервозата. Веројатно атмосферата во домот не е воопшто пријатна, па кој не би се тргнал оттаму?
Се однесувате со него како со дете
Основното нешто што треба да го знаете за мажите е дека тие сакаат да бидат почитувани и да не се сомневате во нивната машкост.
Секако дека не сакаат да се правите попаметни од нив за работи поврзани со поправки низ домот или нешто поврзано со автомобилот.
Секако дека не сакаат да ги учите што треба да прават, како да се однесуваат, што и кога да јадат. Во ред е да се грижите за партнерот и да му давате совети, но многу е важен ставот и начинот на кој го правите тоа. Не се однесувајте како родител.
Постојано се навраќате на минатото
Уште една фатална грешка. Ако веќе сте одлучиле да бидете заедно и сте преминале преку некои работи – не ги споменувајте.
Независно дали тоа се проблеми помеѓу вас или можеби бившата партнерка на сопругот. Не може во секоја кавга на било која тема, да најдете начин да го спомнете едното исто кое знаете дека на партнерот му е дојдено преку глава.
Контролирајте ги зборовите и научете како да преминете засекогаш преку некои работи. Никој не сака секојпат да го слуша едното исто како да сте навиена касета.
Не наоѓате време за него и интимност
Постојано сте уморни од работа, зафатени сте со домашни обврски, мора да исчистите по 7 пати во денот, мора баш во тој момент кога ќе си дојде тој да ја пуштате машината за перење, мора да направите ручеци за цела недела и уште тон работи, а никогаш не знаете да го ставите вашиот однос на прво место.
Тоа што сте во брак не значи дека страстите треба да згаснат или пак дека веќе не треба да разговарате, да излегувате, да се дружите и да ги правите работите од порано.
Во ред е да имате повеќе обврски, но некогаш може да ги жртвувате за доброто на вашите односи. Никој нема да ве осуди ако утре ја избришете прашината наместо денес. Во спротивно, не очекувајте дека тој ќе седи дома и ќе ве гледа додека си измислувате обврски. Секако дека ќе излезе со пријателите...
М. М. | Црнобело / фото: depositphotos.com