Постојат 6 типови љубовни парови: во каква врска сте вие?

Врската што ја сакаме или веќе ја имаме, во голема мера е одредена од искуството што го стекнуваме од гледање на нашите родители, нивните пријатели или други членови на семејството и пријателите. 

Otkrijte za kakva ljubovna vrska ste sozdadeni 01

Децата апсорбираат информации од нивната околина и ненамерно ги повторуваат примерите на однесување што ги забележуваат.

Како возрасни, кога ќе започнеме нова врска или соживот со партнерот, најверојатно ќе одлучиме да одиме по свој пат, не сакајќи да ги повториме грешките што сме ги забележале во односите на другите луѓе, но она што сме го доживеале во детството, сепак ќе влијае врз нашот избор.

Во некои семејства, на пример, секогаш било бучно, а родителите постојано се расправале како куче и мачка, се жалеле едни на други дека се мрзливи и неисполнителни...

Она што е добра шега за некого (на штета на партнерот), кажана во друштво на пријатели, може да им звучи на другите како исмејување, предавство и откривање на интимата.

Затоа е важно да се разбере каков вид на односи имаме и да се обидеме да се прилагодиме на истите.

Разбирањето на сопствената улога во врската ќе ни помогне подобро да разбереме што сака партнерот од нас, особено ако тие улоги се многу различни.

Начините на однесувањето на паровите можат условно да се поделат во шест основни групи: близнаци, куче и мачка, топло-ладно, идол и следбеник, родител и дете и двајца возрасни.

На која група припаѓате вие?

Близнаци

Пар што споделува сè, од размислување, до вкус и хоби. Овој стил е вообичаен на почетокот на врската или во врските каде партнерите се чувствуваат несигурно, можеби заради трауматски настани од минатото.

Тие се најдобри пријатели, обединети во сè и фокусирани на себеси, па ретко дозволуваат некој друг да влезе во нивниот круг.

Otkrijte za kakva ljubovna vrska ste sozdadeni 02

Куче и мачка

Партнерите постојано се расправаат, приватно и јавно. Насилните кавги често завршуваат со страствено помирување во кревет. Меѓутоа, ако некој од партнерите направи нешто што ќе ја наруши врската, истата може да заврши драматично.

Топло-ладно

Едниот партнер се однесува незаинтересирано, другиот се обидува да го привлече неговото внимание. Кога другата страна го губи интересот за играта, улогите се менуваат.

Идол и следбеник

Во овие односи сè е црно-бело. Едниот во врската се смета за најдобар, а другиот го следи и обожава. Дури и ако партнерите се подеднакво успешни, идолот може да го убеди следбеникот дека тој или таа не е достоен, дека тој или таа не го заслужува тоа и слично.

Otkrijte za kakva ljubovna vrska ste sozdadeni 03

Родител и дете

Овој вид на врска често се развива веднаш по раѓањето на детето, но може да биде предизвикано и од лошо здравје на партнерот, губење на работното место и слично.

Партнерот кој ја презема улогата на родителот во истата наоѓа исполнетост и смисла на неговиот живот.

Двајца возрасни

Тие се разумни, зрели, прилагодливи лица кои се свесни за нивните разлики и ретко се расправаат. Звучи идеално, но не мора да биде.

Нема премногу емоции, спонтаност и предизвик во ваквите односи. Партнерите нема да ја запознаат темната страна на лицето со кое живеат, но меѓу нив нема да има ниту страст.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
10 работи кои ќе ја направат вашата врска посилна (според терапевтите) Чистењето на домот не треба да е обврска само на едниот партнер, туку на двајцат...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
Знаци дека траумите од детството ви го уништуваат љубовниот живот (и како да си помогнете) Дали често ви се случува први да му раскинете на партнерот, затоа што постојано ...
Знаци дека партнерот не ужива во сексот со вас (и што да направите околу тоа) Ако кај партнерите не постои спонтано допирање кое претходно постоело или прегра...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg