Зошто паровите најчесто раскинуваат во недела?

Ако размислите за вашите претходни партнерства и врски, ќе сфатите дека најмногу раскинувања се случиле во последниот ден во неделата. 

zosto-parovite-najcesto-raskinuvaat-vo-nedela-01.jpg

Постојат бројни објаснувања за ова, а ние ќе се обидеме да ги разјасниме причините зошто паровите обично раскинуваат во недела.

Погледнете кои се најчестите:

Престојување во истиот простор

Во недела повеќето луѓе не одат на работа, а паровите кои живеат под ист покрив мора да го поминуваат времето заедно. Ако не сте доволно креативни, неделите со себе носат рутина и здодевност.

Овие феномени не се добр спој, па наместо да се релаксирате, се соочувате со напнатост и расправии.

zosto-parovite-najcesto-raskinuvaat-vo-nedela-02.jpg

Повеќе време на располагање

После цела недела деловни обврски, состаноци и рокови, време е за одмор. Сепак, многу парови не се во можност да го искористат слободниот ден на вистински начин.

Поради ова, пак, се појавува едно од најнепријатните чувства - вознемиреност. А, вашата вознемиреност речиси сигурно ќе се одрази на врската.

Посета на семејство или пријатели

Недела е ден за дружење со семејството и пријателите, што исто така може да предизвика вознемиреност и непријатност. Самата помисла на голем собир во станот може да делува стресно.

Ова понекогаш вклучува гости кои можеби не се пријатни. Затоа, веднаш штом ќе се затвори вратата, нетолеранцијата често излегува на виделина.

zosto-parovite-najcesto-raskinuvaat-vo-nedela-03.jpg

Повеќе време за размислување

Кога не сме зафатени со нашата работа, низ нашите мозоци почнуваат да циркулираат различни мисли. Ова честопати води до љубовни проблеми, затоа што нашиот партнер е пред нашите очи.

Почнувате да ја доведувате во прашање вашата врска, се фокусирате на незадоволството и желбата да избегате од сè.

zosto-parovite-najcesto-raskinuvaat-vo-nedela-04.jpg

Непријатна тишина

Иако се чини дека сите бараме мир и тишина, всушност истите честопати прават да се чувствуваме непријатно.

Причината е едноставна - во брзите периоди во кои живееме, навикнати сме на постојани најави, аларми и потсетници, односно работи што ни недостасуваат во недела.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

21 работа во сексот што секој треба да ја направи барем еднаш (18+) Ако партнерот доживеал оргазам, а вие не, кажете му го тоа и бидете искрени дека...
Што да правите кога вашиот партнер работи премногу? Работата е неминовна кога треба да се заработи за живот, а некои луѓе често рабо...
„Му станав лична чистачка“ - Најтешките работи во бракот за кои никој не зборува „Во бракот има тешки мигови и не е дека има само пеперутки, но најголемата грешк...
4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
Прашања кои треба да си ги поставите ако размислувате да ставите крај на врската или бракот Дали само се расправате или ги решавате проблемите? А, дали имате заедничка визи...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg