5 квалитети кои секоја жена треба да ги бара кај мажите

Пронаоѓањето на вистинската личност не е лесна задача. Брачните терапевти и експерти за врски зборуваат за тоа што навистина сакаат жените и какви квалитети треба да бараат кај мажите.

Ovie kvaliteti sekoja zena treba da gi bara kaj mazot 01

Овие 5 се сметаат за најзначајни при изборот на партнер:

Хемија

Она што ги привлекува жените кон мажите е хемија. Ништо не се случува на сила. Потоа следат прашањата: „Може ли да имам нормална комуникација со овој човек, дали се чувствувам „живо“ со него, итн.“

Сите овие квалитети ви помагаат да изградите подлабока и посилна врска.

Ранливост

Тешко е да се изгради врска со некој што е затворен. За да се случи партнерство, мора да се покаже ранливост. Ова важи и за обете страни.

Стабилност

Стабилноста можеме да ја поделиме на две целини - финансиска и емоционална. Личноста со која сте во врска треба да биде стабилна за да можете да се потпрете на неа во секое време.

Ovie kvaliteti sekoja zena treba da gi bara kaj mazot 02

Хумор

Никој не сака да биде со личност која е постојано сериозна и огорчена. Маж кој може да ја насмее жената во вистинскиот момент не е само добар љубовник, туку и одличен пријател.

Внимание

Доволно е да покаже дека се грижи и слуша. Иако жените сакаат да ги држат „сите нишки во рацете“, тие исто така сакаат изненадувања.

Мажот треба да ја изненадува жената, од време на време, со ситници - билети за кино, театар или концерт, вечера во омилен ресторан, цвеќиња...

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
Помалку очигледни знаци дека ја привлекувате личноста што ви се допаѓа Често трепка кога зборува со вас и ги крева веѓите кога ќе ве здогледа – неретко...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...
Знаци дека некој се вљубува во вас на прв поглед, според експерт за говор на тело Разговара со вас, а погледот ѝ шета од очите до усните... Кои знаци ја издаваат ...
„Партнерот ме уценува да живееме заедно, но јас не сакам да бидам маќеа на неговите деца“ Дали жената треба да живее со партнерот иако не е подготвена да се грижи за него...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg