Сексот со странец ја открива вашата љубопитност - Кои се толкувањата на сексуалните соништа?
Дали некогаш сте се разбудиле збунети, па дури и помалку возбудени од вашите „валкани“ соништа?
Секс соништата се нормален дел од животот. Релативно е колку често ги сонуваме истите.
Сонувањето за сексуална активност со некој друг освен вашиот партнер е исто така нормално, такашто не се преиспитувајте.
Што ни „кажуваат“ соништата?
Сите сакаме да го знаеме значењето на нашите соништа, особено кога тие нè оставаат збунети и се прашуваме зошто токму таков сон и зошто токму таа личност во него.
Содржината на сонот честопати се однесува на она што се случува во вашиот реален живот.
Значи, во денови исполнети со стрес и вознемиреност, голема е веројатноста да сонувате непријатни соништа.
Но, ако работите одат на добро и се чувствувате задоволно, вашите соништа може да заземат сосема поинаков пресврт.
Сепак, децении наназад сонот е предмет на истражување и за многу прашања околу него сѐ уште не може да се даде конкретен орговор.
Д-р Џенет Брито, лиценциран психолог и овластен сексуален терапевт објаснува дека соништата се начин да откриете нешто што е невидливо за вас. Тие служат како систем за внатрешно водство, ви даваат „коментари“ за тоа како го живеете животот и ви откриваат симболични слики за да ја „нахраните“ вашата љубопитност.
Симболите и сликите во вашите соништа ве поврзуваат со вашите чувства, вашите желби или нешто што сакате да го решите, вели Брито.
Значењето на сексуалните соништа
„Декодирањето“ на сексуалните соништа не е нималку едноставен процес.
Додека можеби имате желба да го толкувате вашиот сон буквално, Брито вели дека е најдобро да се фокусирате на симболичката претстава.
Во продолжение ви ги претставуваме толкувањата на неколкуте вообичаени секс-соништа:
1. Секс со странец или познаник
Не обидувајте се да го „разоткриете“ значењето на овој сон.
Единствен виновник е вашата љубопитност. Доколку сте во врска, преземете иницијатива. Потребни ви се новитети.
Отворената комуникација со вашиот партнер е одличен потег, како за почеток.
Известете ги како се чувствувате и што преферирате повеќе, но внимавајте на начинот на кој разговарате, бидејќи голема е веројатноста да се почувствуваат навредено.
2. Секс со поранешниот партнер
Во зависност од тоа колку често ги сонувате овие соништа и колку долго сте биле разделени од поранешниот партнер или партнерка, тие би можеле да означуваат две нешта: навикнување на нов партнер или пак неопислива тага и непребол за минатото.
Доколку прекинот на врската е свеж, оставете си време да се прилагодите на сексот со новиот партнер.
Меѓутоа, ако поминале неколку месеци, па дури и години од вашето раскинување и сè уште имате повторливи сексуални соништа со истото лице, тогаш најдобро би било да го разгледате подлабоко проблемот.
3. Секс кој вклучува секс-играчки и разни помагала
Ропство, дисциплина, садизам, мазохизам...
„Овој сон може да значи дека сте имале навистина тешко детство, мајка, татко или некоја блиска личност која се иживувала над вас“, објаснува д-р Фран Валфиш, психотерапевт од Беверли Хилс.
Другите можни толкувања вклучуваат желба за контрола и страст кон својот партнер која протекува во експлозија.
„Нема ништо изопачено, погрешно или неприродно - нашите сексуални искуства се лични и приватни “, објаснува Валфиш.
4. Орален секс
Овој сон може да значи дека сте пораснале учејќи дека оралниот секс е одвратен и несакан, но вие тајно го посакувате.
„Многу луѓе не сакаат да му приуштат орален секс на партнерот, иако самите тие сакаат да го добијат истото“, вели Валфиш.
Затоа, најдобро да се поттикне отворена дискусија помеѓу вас и вашиот партнер, заедно да истражите што е тоа што ја предизвикува аверзијата и дали има нешто што може да се стори за истата да исчезне.
5. Секс со професор/ка
Овој сон може да биде показател за личност која, најверојатно во младоста била лишана од вниманието коешто ѝ било доволно.
Тие фантазираат за сеопфатното чувство дека се целосно сакани од прочуената „фигура на авторитет“.
Секако, не можеме да ја исклучиме можноста личноста која ја сонувате навистина да ве привлекува.
Ако го сонувате овој сон затоа што копнеете за внимание, Валфиш вели да одвоите малку време за да сфатите кој е човекот за кој навистина вреди да сонувате и во реалниот живот.
6. Секс во бањата
Сон за кој Валфиш вели дека е најдобриот сексуален сон од постоечката палета.
Значи дека уживате водејќи љубов, а истото ве карактеризира како хедонист.
7. Секс соништа кои вклучуваат „валкани“ разговори
Овој сон би можел да биде одличен опис за слободна, отворена личност која знае како да се опушти и да се чувствува удобно во сопствената кожа“, вели Валфиш.
Овие личности можеби потсвесно се срамат, но цврсто „газат“ против своите стравови и сакаат да бидат ослободени од сопствената самоосуда и преокупација со тоа како другите ги гледаат.
Постои уште една можност, спротивна на горенаведената, која вели дека личноста мечтае за поинаква секс „акција“, придружувана со таканаречените „валкани“ разговори, на кои речиси никој не може да остане рамнодушен.
Мила М. | Црнобело