Две грешки заради кои не може да имате среќна и успешна љубовна врска
Дури и најсилните луѓе, кои секогаш се држат до себе и своите потреби, прават грешки кога станува збор за љубовта.
Ова се две најголеми грешки кои многумина ги прават, заради што никогаш нема да постигнат, среќна, хармонична и успешна врска:
Ги простувате грешките на партнерот што ве прават несреќни
Некои активности едноставно не можат да се простат. Постојат парови кои можат да одат подалеку од прељуба или навреда и да ја вратат довербата, но тоа се случува само кога виновната страна искрено жали за своите постапки и го менува своето однесување на подобро.
Без тоа нема прошка и нема доверба. Ако му објаснивте на партнерот што длабоко ве повредува, но тој сепак продолжува да го прави истото, тоа нема да ве направи посреќни и нема да се промени, особено ако решите истото да го игнорирате.
Психолозите предупредуваат дека игнорирањето на проблемот ја оштетува врската и понекогаш е подобро да се карате отколку да премолчувате за работите што ве мачат.
Ако проблемот не може да се реши и сè уште сте несреќни, тогаш подобро е да ја прекинете врската, отколку да останете во неа.
Ги запоставувате вашите потреби за вашиот партнер
За да воспоставите здрава врска, не само љубовна, туку и пријателска, треба да се ставите себеси на прво место. Луѓето често имаат потреба максимално да му угодуваат на својот партнер во сите аспекти на заедничкиот живот, додека истовремено ги запоставуваат своите потреби.
Секогаш се прилагодуваат на својот партнер - го готват само она што тој го сака, во најинтимните моменти важно е само тој да биде задоволен и слично. Никогаш не треба доброволно да играте споредна улога.
Запомнете дека основата на секоја врска е компромис и еднаквост. Вие сте исто толку важни како и вашиот партнер.
Ашера | Црнобело