Што е еротска интелигенција и како да ја активирате?
Деновите кога интелигенцијата се мерeла единствено со IQ се зад нас. Емоционалната интелигенција е исто толку важна како и академската способност да се води успешен живот.
Но, постои и друг вид интелигенција која честопати се занемарува - оној за кој многу експерти веруваат дека е клучот за подобрување на односите, а се нарекува еротска интелигенција.
Истата вклучува негување на сензуалност.
Како да ја активирате еротската интелигенција?
Станете љубопитни - сексуалната желба се развива со возраста. Да се биде отворен за нови искуства е многу важно за подигнување на еротска интелигенција. Соберете што е можно повеќе информации.
Повеќе предигра, повеќе разновидност на секс, фантазирање…Ако ви треба инспирација, користете еротска литература.
Користете допири - Од сите пет сетила, допирот е најважен за зголемување на еротската свест и е познат како мајка на сите сетила, затоа што е првото сетило што се развива кај ембрионите.
Знаеме дека допирот го стимулира лачењето на хормоните кои нè прават да се чувствуваме добро, како окситоцин, и дека допирот е форма на емоционална комуникација.
Ризикувајте - Започнете со „ризична“ комуникација што треба да трае околу 10 минути. Еден партнер зборува, а другиот слуша.
Размислете што најмногу ве плаши да го споделите со партнерот? Што ве прави ранливи во врската?
Ова е она што треба да го споделите. Дозволете си да се чувствувате ранливо - ова е клучот за подлабока интимност.
Играјте бавно - Целта на бавниот секс е избегнување на оргазмот.
Овој вид секс потекнува од тантричката традиција. Целта на овој т.н. кул секс е да се избегнат чувствата со висок интензитет.
Не се обидувајте да го достигнете врвот, важно е само да бидете блиски со личноста со која сте интимни.
Сексот без оргазам може да биде многу енергичен, бидејќи ја зголемува вашата сексуална енергија, така што сексуалната возбуда доаѓа многу поприродно.
Ашера | Црнобело