Љубов или хемија? 5 знаци дека вашата врска е само „за секс“
Љубов или само хемија? На прашањето што ги мачи многу парови на почетокот на новата врска не е лесно да се одговори, но постојат неколку показатели кои можат да ви помогнат да дознаете за што точно станува збор.
Следните пет знаци покажуваат дека вашата врска е само физичка:
1. Никогаш не се расправате.
Веројатно затоа што не комуницирате многу, а поголемиот дел од времето го поминувате заедно под чаршафите. Кавгите и несогласувањата се нормална и неизбежна работа во секоја љубовна врска.
2. Не знаете ништо за неговото семејство.
Не само што не ги запознавте неговите родители, туку не знаете апсолутно ништо за нив, како ни дали има браќа и сестри, затоа што не го прашавте. Тоа не звучи како љубов.
3. Не ве запознава со пријателите.
Многу е полесно лицето со кое се гледате да го запознаете со пријателите отколку со родителите. Но, доколку ова не се случило, тогаш е јасно дека не сакате да имате ништо повеќе од секс.
4. Не знаете за што да зборувате.
Ако лежите без зборови после сексот, затоа што не знаете за што да зборувате, тогаш веројатно немате многу заеднички работи, освен, се разбира, сексот.
5. Не комуницирате секој ден.
Ако не се гледате или слушате секој ден, или не ве интересира што тој прави кога не сте заедно, тогаш очигледно не сакате да имате подлабок однос со него.
Ашера | Црнобело