12 знаци дека сте во здрава љубовна врска

Денешното состанување и денешните врски се прилагодени на модерниот свет. Сепак, здравата врска останува да се темели на љубов, доверба, хемија, поврзаност и комуникација.

12-znaci-deka-ste-vo-zdrava-ljubovna-vrska-01.jpg

Како треба да изгледа една здрава љубовна врска? Дали ќе препознаете кога ѝ се ближи крајот и кога не сте еден за друг?

1. Имате иста цел во животот.

И двајцата знаете што сакате и што очекувате во животот. Имате ваши заеднички цели кои се стремите да ги постигнете.

12-znaci-deka-ste-vo-zdrava-ljubovna-vrska06.jpg

2. Ги почитувате семејствата и пријателите на партнерот.

Можеби не се согласувате со сите, но се трудите да ги почитувате и тоа е многу важно во врската.

12-znaci-deka-ste-vo-zdrava-ljubovna-vrska04.jpg

3. Едвај чекате да се видите.

И да живеете заедно, едвај чекате да си дојдете од факултет или работа. Со душа ги чекате и викендите за да поминете повеќе квалитетно време заедно.

12-znaci-deka-ste-vo-zdrava-ljubovna-vrska03.jpg

4. Но, знаете и како да поминувате време одвоено.

Си издвојувате време и за себе и своите индивидуални обврски.

12-znaci-deka-ste-vo-zdrava-ljubovna-vrska01_1.jpg

5. Знаете како да се смирите после кавга.

Карањето не е нездраво за врската. Важно е како ќе се справите со односот по расправијата.

12-znaci-deka-ste-vo-zdrava-ljubovna-vrska07.jpg

6. Се сакате онакви какви што сте, со сите доблести и маани.

Не е секогаш лесно да се најде компромис, но вие ова го правите успешно.

12-znaci-deka-ste-vo-zdrava-ljubovna-vrska02.jpg

7. Успевате да си останете доследни на себе и да го задржите своето „јас“.

Не значи дека секогаш треба да имате исто мислење и ставови со партнерот. Стојте си на своето.

12-znaci-deka-ste-vo-zdrava-ljubovna-vrska11.jpg

8. Подеднакво се вложувате во врската.

Секој треба да се труди подеднакво за врската да трае и да се „потхранува“.

12-znaci-deka-ste-vo-zdrava-ljubovna-vrska03_1.jpg

9. Знаете како би требало да изгледа заедничката иднина.

Имате визија за семејството, деца, планови...

12-znaci-deka-ste-vo-zdrava-ljubovna-vrska02_1.jpg

10. Си давате поддршка во растењето и надградувањето како личност.

Веројатно секогаш е најважна поддршката од дома, за да може да напредувате во она што го сакате.

12-znaci-deka-ste-vo-zdrava-ljubovna-vrska01.jpg

11. Разговарате.

Комуникацијата е клучна во здравите врски. Никогаш не престанувајте да разговарате за сè!

12-znaci-deka-ste-vo-zdrava-ljubovna-vrska05.jpg

12. Си верувате, по секоја цена.

Довербата и лојалноста се столбот на секоја успешна љубовна приказна.

12-znaci-deka-ste-vo-zdrava-ljubovna-vrska01.jpg

Е. П.| Црнобело

Би можело да ве интересира:

Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
5 причини зошто и животот без партнер може да биде убав Нема да се расправате со некој зошто ги оставил чорапите на подот, а и никој нем...
Прашувам за пријател: „Мојот сопруг сака секс неколкупати на ден, а јас не - како да го одбијам?“ „Работата од дома беше кошмар, бидејќи тој беше во соседната соба, па ќе влезеше...
6 знаци дека сте во здрава врска исполнета со љубов Не сте љубоморни ако партнерот отиде на патување без вас и покажувате разбирање ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg