„Машкото треба да плати“ - 10 најлоши совети кои може да ги добиете од другите луѓе за вашата врска

Понекогаш е добро да се слушнат мислењата на другите луѓе кои се однесуваат на вашата љубовна врска. 

10-njalosi-soveti-od-drugite-lugje-za-vasata-vrska-01.jpg

Дел од нив може да бидет многу реални, но повеќето се прилично драстични и нереални совети, особено доколку доаѓаат од луѓе коишто се сингл.

Кои лоши совети најчесто ги споделуваат со другите луѓе во однос на туѓите врски?

Крени раце на првата пречка во вашиот заеднички живот

Паровите коишто започнуваат заеднички живот секако ќе наидат на многу препреки. Но, доколку некој ве советува дека поради тоа нема да успеете или дека ова е знак за пропаст, не смеете да ги послушате.

Сè додека успешно ги решавате проблемите, значи дека сте доволно зрели и подготвени за заеднички живот, наместо да ги кренете рацете на првиот проблем на којшто ќе наидете.

Глуми недостапна

Советите насочени кон игнорирање на партнерот по кој било повод се смешни и незрели. Сите проблеми треба да се решаваат отворено, во 4 очи, бидејќи добрата комуникација е клучна за успешна врска.

 Воедно, ако врската е „тазе“, покажете точно што сакате и како се чувствувате. Ако глумите „зафатени“ другата страна може да почне да го губи интересот.

Никогаш не оди во кревет лут/а

Понекогаш е подобро да се легне во креветот лут и во расправија, а наутро трезвено „со ладна глава“ да се анализира проблемот. Во моментот на лутина и бес може да се кажат толку многу работи за кои ќе зажалите.

Сепак, „утрото е помудро од вечерта“.

Најди партнер кој ќе има потполно исти интереси како тебе

Иако во теорија звучи сосема добро, реалноста е поинаква. Зошто би барале партнер кој е идентичен на вас, како сијамски близнак?

Поентата е да го поминете животот со некој што ќе ги сака вашите доблести и маани. Компатибилноста е најдобриот дел од една врска.

Твоето присуство не е толку битно откако ќе стапиш во брак

Многумина сметаат дека откако ќе се впуштите во брачните води конечно може да се опуштите, да се дружите повеќе со пријателите, бидејќи „за партнерот има време, па тој секако ти е дома“.

Сепак, важно е да не ја занемарите саканата личност и да одвоите време и внимание за неа, макар седеле заедно во тишина.

Спротивностите се привлекуваат

Сепак, со цел врската да опстане на долги патеки, генералната идеја за дом, семејство, одмор, деца треба да биде иста за двајцата партнери.

Совршениот партнер за тебе е таму некаде

Всушност, не постои совршен партнер. Сите сме луѓе и сите имаме маани. Расправиите во секоја врска се неизбежни. Не постои такво нешто како совршена врска.

Машкото мора да плати

Всушност, бон тонот налага дека оној што го иницира состанокот треба да плати, а другата личност секогаш треба да се понуди да ја подели сметката. Полот нема никаква врска со тоа.

Децата ќе ја спасат лошата врска

Врската која е на „стаклени нозе“ нема да се спаси со раѓањето на дете. Можеби привремено ќе ги замаскира лошите односи, но кога-тогаш тие повторно ќе испливаат на површината.

Децата се секогаш на прво место

Овој совет спречил многумина да се разделат, иако работите одамна не функционираат. Важно е да запаметите дека подобро и поздраво е детето да има разведени но среќни родители, наместо по секоја цена да се заедно, а животот на сите да им биде пекол.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

5 причини зошто и животот без партнер може да биде убав Нема да се расправате со некој зошто ги оставил чорапите на подот, а и никој нем...
Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
„Бремена сум, а партнерот има афера со колешка, како треба да постапам?“ „Го сакам мојот партнер и сум во шестиот месец од бременоста и би сакала нашето ...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...
„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg