Што ја зацврстува ерекцијата, а што може да ја „убие“?

Според науката, постојат неколку видови ерекција, а на секој од нив влијаат фактори како храна, мастурбација, стрес и слично.

shto-ja-zacvrstuva-erekcijata-a-shto-mozhe-da-ja-ubie-01.jpg

Постојат три вида ерекција – рефлексна, која настанува со физички контакт, психосоматска, која настанува со аудиовизуелни стимулации и таканаречена ноќна ерекција.

Наводно, јачината на стимулот влијае врз цврстината на ерекцијата, но и на должината на пенисот. Пенисот е најдолг после орална стимулација, а се издолжува за околу 0,3 сантиметри.

Важно е да се наспомене дека кај 70% од мажите пенисот во ерекција е искривен. Па, доколку спаѓате овде, нема потреба за грижа.

Најчесто пенисот е искривен кон левата страна, и почесто кон горе. Искривеноста не е никаков проблем, сè додека не предизвикува болка.

shto-ja-zacvrstuva-erekcijata-a-shto-mozhe-da-ja-ubie-02.jpg

За време на ерекција, должината на пенисот се зголемува за околу 3 сантиметри. Кај некои мажи може да се зголеми и за 5 и повеќе сантиметри.

Нормално е да сакате да знаете што всушност влијае врз вашата ерекција, зошто понекогаш не можете да ја постигнете, но и што е она што ја зацврстува.

Влијанието на кондомите

Кондомите можат да имаат влијание врз ерекцијата, но тоа не е причина да ги избегнувате.

Важно е да најдете кондом со големина што ви одговара, а потоа неговото користење ќе ви стане навика.

Експертите напоменуваат дека во повеќето случаи, проблемот со ерекцијата не е поради кондомот, туку поради нешто друго како воспаление на простата или слаба циркулација.

shto-ja-zacvrstuva-erekcijata-a-shto-mozhe-da-ja-ubie-04.jpg

Мастурбација

Ако мажот немал секс и не мастурбирал неколку денови, ова ќе се одрази на ерекцијата. Во овој случај, ерекцијата е цврста, а пенисот може да изгледа дури и поголем.

Причината за ова е зголемениот доток на крв во органот.

Цигари

Цигарите се штетни за сите органи, вклучувајќи ги и половите.

Никотинот може да има лошо влијание врз циркулацијата на крвта, која пак е клучна за цврста ерекција.

shto-ja-zacvrstuva-erekcijata-a-shto-mozhe-da-ja-ubie-05.jpg

Повеќе месо, „помека“ ерекција

Едно истражување покажало дека јадењето премногу месо има лошо влијание врз ерекцијата.

Па доколку сте забележале проблем, пробајте да консумирате повеќе овошје и зеленчук.

shto-ja-zacvrstuva-erekcijata-a-shto-mozhe-da-ja-ubie-03.jpg

Колку ерекции на ден е нормално?

Машките и женските гениталии се „изградени“ на различен начин, а поради ова се разликува и сексуалната желба кај двата пола.

Во просек, мажите имаат околу 11 ерекции во текот на денот и околу 9 за време на спиење.

Според некои пресметки, во текот на животот мажите ејакулираат по околу 7.200 пати.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
Што го предизвикува болниот секс кај мажи и жени + како да ја намалите болката? Сексот може да биде болен и за мажите и за жените, а за тоа постојат повеќе прич...
Како да познаете маж кој е чувствителен (и e одличен партнер)? Мажите кои се чувствителни можеби на прв поглед не изгледаат така, но тие секога...
Прашувам за пријател: „Мојот сопруг сака секс неколкупати на ден, а јас не - како да го одбијам?“ „Работата од дома беше кошмар, бидејќи тој беше во соседната соба, па ќе влезеше...
Порно актерот Џони Синс со совет за мажите кои се срамат од ќелавоста: „Која е мојата тајна?“ „Почнав да ја бричам главата на 23 години затоа што морав, а не затоа што ми се ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg