Во животот ќе се заљубите само трипати...

Љубовта е само збор, сè додека не дојде вистинската личност и не му даде значење.

vo-zivotot-ke-se-zaljubite-samo-tri-pati-01.jpg

Постојат три типа на вљубување во животот кои најчесто ги искусуваме порано или подоцна. Секој пат од овие три, се заљубуваме од различна специфична причина.

Се вели дека во животот се заљубуваме само во три личности.

Вљубување за првпат: Љубов која во тој момент на сите ни се чини како да е вистинската и единствената.

Најчесто онаа првата љубов е кога сме во цутот на младоста. Во пубертетските години.

Кога сме залетани и ни се чини дека „тоа е тоа“. Онаа љубов која ни изгледа како во приказните. 

Во тој момент ни изгледа дека треба да вложиме сè за да останеме со оваа личност. Дека и да не биде сè како што треба, треба да се трудиме да ја одржиме врската.

Се сеќавате на вашата љубов од основно/средно? Дечкото или девојката што ги држевте гордо за рака низ школските ходници?

Моментот кога едвај чекаш да ти заѕвони телефонот. Кога со душа чекаш да дојде голем одмор и пауза од часови за да може да се гушкате скришно во школските тоалети или позади во школски двор.

Да, за таа прва вистинска љубов зборуваме.

Вљубување по вторпат: Тешката љубов.

Втората љубов е онаа од која ќе научиме лекции и ќе извлечеме поука. Онаа која ќе ве заболи.

Што ќе ви го скрши срцето. Ќе научите како е да се биде излажан и изманипулиран.

Ќе си ветите дека веќе нема да дозволите да се вљубите така лудо и да бидете повторно повредени.

Честопати ова нема да ви успее. Ќе ви изгледа како безизлезен круг во кој секојпат ќе се надевате дека ете ова е она вистинското, а ќе заврши исто како претходниот пат.

Со секој нов обид исходот на крај е полош.

Ќе ве тресне од земја, ќе ви ги измеша сите емоции.

Немојте да дозволите да престанете да си ја барате среќата после оваа бура од емоции, манипулации и сурово искуство.

Вљубување по третпат: Љубовта која ќе трае.

Онаа која што не се надевате дека ќе ја сретнете. Која не ja очекувате дека ќе дојде.

Најчесто на почетокот ви изгледа дека е погрешна. Дека не чувствувате ништо. Дека е туку-така и невозможна да потрае.

Дека има илјада и една пречка која ќе ја оневозможат.

Ова е оној тип на врска која не може да се објасни, а ќе ве „тресне од земја“ токму затоа што не сте планирале дека ќе се случи.

Ова е оној тип на љубов кога едноставно немате очекувања – немате барања од личноста, ниту некаков притисок да глумите какви сте.

Ве прифаќаат онакви какви што сте. Се надополнувате еден со друг. Се чувствувате безбедно.

Ви го обзема срцето дел по дел.

Ова е онаа љубов која чука на нашата врата без разлика колку време ни е потребно да одговориме.

Љубовта која едноставно ја чувствувате како вистинска. Тоа е тaa љубов засекогаш.

vo-zivotot-ke-se-zaljubite-samo-tri-pati-02.jpg

Можеби не секој ги има искусено сите три видови љубов, но голем е процентот на оние кои ќе ги препознаат.

Веројатно ни треба цел живот за да ги научиме сите лекции за љубовта, но кај некои од нас, потребни се само неколку години.

Да, тука се и оние приказни кои за луѓе кои остареле со својата прва љубов...кои се сакале страствено од првиот до последниот ден – љубовни стории кои секогаш нè фасцинираат.

Во која фаза и да сте во моментов, не дозволувајте да го затворите срцето и да престанете да ја љубите вистинската личност.

Е. П. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

21 работа во сексот што секој треба да ја направи барем еднаш (18+) Ако партнерот доживеал оргазам, а вие не, кажете му го тоа и бидете искрени дека...
Помалку очигледни знаци дека ја привлекувате личноста што ви се допаѓа Често трепка кога зборува со вас и ги крева веѓите кога ќе ве здогледа – неретко...
5 причини зошто и животот без партнер може да биде убав Нема да се расправате со некој зошто ги оставил чорапите на подот, а и никој нем...
Знаци дека некој се вљубува во вас на прв поглед, според експерт за говор на тело Разговара со вас, а погледот ѝ шета од очите до усните... Кои знаци ја издаваат ...
4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg