5 работи за сексот кои треба да ги знаат жените над 30 години
Велат дека најдобриот секс ќе го доживеете во триесетите години од животот. Всушност, дури во тие години сексот станува „она вистинското“.
Ќе откриете сè што треба да знаете за сексот и за вашето тело во текот на четвртата декада, за да можете максимално да уживате во задоволството.
Научно е докажано дека сексот по триесетата станува подобар. За тоа може да им заблагодариме на хормоните: жените стануваат подоминантни, а мажите понежни и романтични.
Освен тоа, сигурно имате повеќе искуство на оваа тема, за разлика од она во дваесетите години од животот.
Треба да знаете…
…која е најдобрата метода за заштита од несакана бременост?
Таблети, интервагинален прстен или спирала: на возраст од 30 години веќе би требало да бидете сигурни која метода на заштита најдобро ви одговара на вашето тело и плановите.
…како да зборувате за вашите желби и потреби?
Со годините станувате посамоуверени и знаете кога треба да се зборува отворено. Со наполнети 30 години веќе нема табу теми. Секс играчките, мастурбирањето – сето тоа спаѓа во темите за кои може да се разговара отворено. Сега можете конечно да ги остварите вашите желби.
…дека и мажите можат да кажат „НЕ“ – а тоа не е ваша вина!
Важна работа која малку жени под 30 години ја знаат, е дека и мажите не сакаат и не можат секогаш и секаде. За тоа може да има повеќе причини (да и возраста е една) – но, најверојатно ти не си виновна за тоа.
…дека не е лошо да се договориш кога ќе имаш секс.
Она што некогаш звучело неромантично, сега е возбудлива игра: секс според календарот. Ако двата распореди се полни, тогаш за убавите работи во животот треба да се најде дополнително време – а тука дефинитивно спаѓа и сексот.
Така почесто ќе се сакате и ќе откриете сосема нов начин на возбуденост од исчекувањето.
…дека сексот кај секој пар е различен.
Уште една работа за која треба време и искуство за да ја разбереме е дека сексот се разликува од еден до друг пар. Не постојат норми кои покажуваат што е правилно или погрешно, нормално или ненормално.
Најважно е дека вие и вашиот партнер сте задоволни со сексуалниот живот.
(О)Милена | Црнобело