10 заповеди на заедничкиот живот
Секако, сè почнува со желба и возбуда, но за заедничкиот живот да биде пријатен и возможен, мора да се потрудите.
Ова се 10-те заповеди кои не смее да ги прекршите за да ја сочувате хармонијата:
1. Искрено размислете за полињата како моќ, финансии, образование, родители, секс, вера и деца. Ако на било која тема партнерот се чувствува инфериорно, може да дојде до проблем.
2. Кога се работи за роднини и семејство, секогаш бидете на страна на лицето со кое го делите креветот.
3. Оној кој заработува повеќе пари не мора да го има последниот збор за трошоците.
4. Ако сте пообразовани, не го истакнувајте тоа.
5. Сетете се дека оној кој сега сака повеќе секс, кога ќе живеете заедно може да се промени. Улогите може да се превртат.
6. Никогаш не ги поткрепувајте кавгите со стереотипи како аргумент.
7. Секој од вас би требало да има подрачје во кое е стручен и одговорен. Не може секој да прави сè.
8. Во воспитувањето на децата, подеднакво дозирајте ги строгоста и попуштањето.
9. Ако само еден од вас вози автомобил не значи дека не сте рамноправни.
10. Кога ќе дојде до банални кавги, како на пример дали прозорецот да биде отворен или затворен, не давајте важност на тоа кој ќе победи само за да победи.
М. Д. | Црнобело