Секс пози од кои можете да завршите во брза помош

Сексот е забавен, но може да биде и опасен.

koi-se-najopasnite-seks-pozi-01.jpg

На многумина им се случило да се повредат за време на секс, а интересно е што неретко не е виновна позата, туку самата ситуација. Ако, на пример, имате секс на ризично место, возбудата и напнатоста можат да предизвикаат незгоди.

Тим лекари од Велика Британија направиле истражување и откриле кои се најопасните секс пози. Листата е направена според бројот на повреди на пенисот предизвикани од позата. 

Ако сакате да експериментирате, бидете внимателни со следниве пози:

Кучешка

Проблемот кај оваа поза е тоа што мажот го контролира темпото, па ако пенетрира нагло, може да ја повреди вагината.

Според истражувањето, дури 41% од повредите на пенисот настануваат поради оваа поза. Интересно е што фрактурата на пенисот најчесто настанувала поради „промашување“.

koi-se-najopasnite-seks-pozi-02.jpg

Каубојка

Во оваа поза пенисот и вагината се во иста положба како и во кучешката, па ризикот е колку-толку ист.

Разликата е што овојпат жените го контролираат движењето, па доколку го „промашат“ партнерот, лесно можат да го повредат.

koi-se-najopasnite-seks-pozi-03.jpg

Стоечки секс

Оваа поза не бара многу експериментирање, но ако не сте еластични и не сте во добра физичка форма, можат да настанат проблеми.

Во овој случај фрактурите на пенисот се ретка појава, но често се случува партнерите да паднат и да се повредат. Покрај тоа, ако сексот трае подолго, веројатно ќе завршите со воспалени мускули.

koi-se-najopasnite-seks-pozi-04.jpg

Орален секс

Од оваа поза најчесто страдаат жените. Наводно, едно истражување покажало дека 9% од испитаниците добиле конјунктивитис откако партнерот им ејакулирал во окото.

koi-se-najopasnite-seks-pozi-05.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...
21 работа во сексот што секој треба да ја направи барем еднаш (18+) Ако партнерот доживеал оргазам, а вие не, кажете му го тоа и бидете искрени дека...
Прашувам за пријател: „Мојот сопруг сака секс неколкупати на ден, а јас не - како да го одбијам?“ „Работата од дома беше кошмар, бидејќи тој беше во соседната соба, па ќе влезеше...
Знаци дека партнерот не ужива во сексот со вас (и што да направите околу тоа) Ако кај партнерите не постои спонтано допирање кое претходно постоело или прегра...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg