Што не знаат мажите за своите жени?
Малку е изненадувачки фактот дека 39% од мажите кои се во врска не знаат кој број на градник носи нивната партнерка.
Истражувањето спроведено на мажи кои се во долги врски или бракови, ќе ве изненади колку мажите не знаат за вас.
Ова се резултатите:
54% од испитаните мажи не го знаат напамет бројот на нивната партнерка.
54% од испитаните мажи исто така не ја знаат омилената песна на својата жена.
39% од нив не знаат кој број на градник носи понежната половина.
35% од мажите не можеле да се сетат на точниот датум кога ја запознале сегашната девојка/сопруга.
23% од мажите не се сигурни кој број на чевли носи партнерката.
23% од нив исто така не знаат ни кој конфекциски број носи жената.
20% од мажите не можат со сигурност да одговорат која е нејзината најдобра пријателка.
20% исто така не знаат на што е алергична жената.
11% не биле сигурни каква е нејзината природна боја на коса.
10% од мажите не знаеле како точно се вика работната позиција на партнерката.
Па, поставете неколку прашања и видете како се држи вашиот партнер. Само не му се лутете...
М. Д. | Црнобело