7 грешки со телефонот кои ви ја уништуваат љубовната врска
Имате потреба веднаш да ги проверувате нотификациите
Со смартфоните ни се достапни голем број информации, па веројатно сметате дека ако не проверите некое известување, ќе испуштите нешто важно.
Но, ова ќе ви предизвика проблеми, па обидете се да одредите кои нотификации ви се приоритет. Проверувајте ги најважните, но сè друго оставете за подоцна.
Кога сте со партнерот, посветете му го вниманието него, а не на новостите.
Одговарате на мејлови од работа кога сте дома
Веројатно и вие и партнерот сте зафатени и водите динамичен живот. Но додека вам ви нормално да одговарате на мејлови и повици од работа кога сте дома, на партнерот може да не му се допаѓа.
Дури и ако има нешто итно, немојте секогаш да го запоставувате партнерот поради работата. Штом ви завршило работното време, мејлот сигурно може да почека до утре.
Го проверувате телефонот за време на вечера
Во денешното „брзо“ време, заедничката вечера изгледа како единствениот начин да бидете со партнерот. Па, во тој момент заборавете на вашиот телефон.
Сигурно не сакате да станете странци со партнерот само затоа што не сте обрнувале внимание на заедничкото време.
Мислите дека емотиконите ги заменуваат нежностите
Поради смартфоните, почнуваме да забораваме како да ја искажеме љубовта во реалниот живот. Денес има емотикон за секоја емоција, но тие не треба да ги заменат нежностите од реалноста.
Ако сакате здрава врска, не заборавајте дека прегратките, бакнежите и допирите не можат да бидат заменети со дигитална комуникација.
Спирова С. | Црнобело