7 грешки со телефонот кои ви ја уништуваат љубовната врска
Смартфоните имаат важна улога во нашите животи и речиси секој од нас минува неколку часа дневно со оваа направа.
Иако смартфоните дефинитивно ни го прават животот полесен, постојат некои навики при нивното користење што можат да ѝ наштетат на вашата врска.
Во продолжение погледнете за кои станува збор и што да правите за да ги избегнете проблемите:
Не му покажувате на партнерот за што се смеете
Вашиот партнер сигурно ќе се чувствува непријатно, па дури и мизерно ако сте во иста просторија, а вие сте фокусирани само на телефонот. Уште полошо е ако почнете и да се смеете додека гледате нешто. Ова ќе направи партнерот да се чувствува несигурно и љубоморно.
За да го избегнете ова, едноставно споделете со партнерот зошто се смеете или покажете му што гледате. Дури и науката потврдува дека заедничкото смеење може да ја зајакне врската.
Секогаш го носите телефонот со вас
На секој од нас му се случило да излезе од собата и без некоја причина да го земе и телефонот. Понекогаш сите се однесуваме како овие направи да се залепени за нашите раце, но и ова не е без последици.
Најпрво, ако постојано го правите ова, партнерот може да се посомнева дека криете нешто. Ова, пак, ќе резултира со љубомора, недоверба и напнатост помеѓу вас.
Ако постојано го носите телефонот со вас, веројатно и веднаш ги проверувате сите нотификации. Ова може да биде проблем кога треба да минувате време само со партнерот.
Телефонот постојано ви го одвлекува вниманието
Пред неколку години, беше целосно неприфатливо да го користите телефонот додека разговарате со некого. Но денес оваа појава е толку честа, што луѓето почнаа да ја игнорираат.
Едно истражување покажало дека 46,3% од луѓето забележале дека нивниот партнер постојано го проверува телефонот додека разговараат. 22,6% од испитаниците изјавиле дека ова однесување предизвикува проблеми во врската.