Земји кои очајно посакуваат нивниот народ да има повеќе секс

Овие 10 земји на сите можни, па дури и по малку бизарни начини ги поттикнуваат граѓаните да имаат повеќе секс, односно да го зголемат наталитетот во државата. Според извештајот на ОН, од 20 држави со највисоката стапка на плодност во светот, 17 од нив се во Африка.

Zemji-koi-ocajno-posakuvaat-nivniot-narod-da-ima-povekje-seks-01.jpg

Од државните на европскиот континент земјите со најголема плодност се Турција, Албанија, Исланд, Ирска и Франција. Од друга страна оние кои покажуваат најниска плодност се Белорусија, Украина, Полска, Босна и Херцеговина и Чешка.

„Доколку немате намера да имате дете за себе или доброто на брачната и семејната среќа, барем направете го тоа за Данска“ – им апелираат властите на своите граѓани. Оваа држава има толку голем проблем со наталитетот што се решила на преземање „алтернативни методи“ со цел да ги поттикне луѓето да имаат повеќе сексуални односи. Во просек, една жена има 1,73 деца, односно ниту две, а според нивните процени ова е дефинитивно премалку.

Данска

За оваа цел е направена рекламна кампања која го носи слоганот „Направи го тоа за мама“, а преку неа им се наметнува грижа на совест на жените кои нема да успеат да им дадат внуци на бабите (нивните мајки).

По оваа реклама, популарна туристичка агенција им понудила на жените 3-годишна резерва за бебето (од храна до пелени), доколку го зачнат на одморот организиран преку нивната агенција.

Русија

Во една пригода Владимир Путин го повикал бендот Boyz II Men со цел да ги налути мажите чии партнерки ги обожаваат членовите од популарната група. Настанот се случил непосредно пред Св. Валентин, а целта на претседателот била да ја поттикне љубомората кај партнерите, а крајниот очекуван резултат – повеќе секс!

Проблемот е толку сериозен што Русија го прогласи 12 септември за „Официјален ден на зачнување“, а на жените што ќе родат девет месеци подоцна им се дава фрижидер како подарок.

Јапонија

Уште од 1975 година, оваа земја има голем проблем со бројот на новороденчиња. Со цел да го победат лошиот тренд, студентите од универзитетот Цукуба го дизајнираа роботот Јотара, механичко бебе кое им дава на паровите увид како изгледа светот на родителството.

Романија

Во текот на 1960-тите години, бројот на новороденчиња почнал нагло да опаѓа, а властите реагирале со воведување на 20% повисоки даноци за самохрани родители и парови без деца, практично спречувајќи разводи помеѓу населението.

Во 1980-тите, ситуацијата воопшто не се подобрила. Жените биле охрабрувани да забременат на гинеколошки прегледи, а абортусите биле забранети. Кога власта се смени во 1989 година, овие мерки „паднаа во вода“, но бројот на новороденчиња сè уште стагнира.

zemji-koi-ocajno-posakuvaat-nivniot-narod-da-ima-povekje-seks-2.jpg

Сингапур

Оваа земја има најниско природно зголемување на населението на светот - со само 0,81 деца по жена. Сингапур ја спровела кампањата „Национална ноќ“, спонзорирана од компанијата за бонбони „Ментос“, со слоганот „Пуштете го вашиот патриотизам да експлодира“, и друго освен беспрекорен, незаштитен секс што ќе донесе потомство.

Покрај тоа, државата обезбедува изнајмување станови на помлади парови по пониски цени, а секоја година владата троши околу 1,6 милијарди американски долари за програми насочени кон зајакнување на стапката на наталитетот.

Јужна Кореја

Секоја трета среда во месецот канцелариите, продавниците и другите работни места во Јужна Кореја се затвораат заради денот што официјално се вика – „Семејство“.

Со стапка на плодност од 1,25 деца по жена, државата прави сè што е во нејзина моќ да го зголеми бројот на деца, а дели и парични награди на семејствата за секое ново дете.

Индија

Оваа земја нема проблем со стапката на плодност - со 2,48 деца во просек по жена. Сепак, она што ги загрижува локалните власти е дека стапката на плодност покажала тренд на опаѓање во индиската заедница Парси, па тие решиле да реагираат превентивно.

Ова резултирало во серија провокативни реклами со пароли како „Бидете одговорни, не користете кондом вечерва“, а во друга се прикажани 30-годишници кои живеат дома, а прашањето за нив гласи - „Зарем не е време да се разделите со мајка ти?“

Италија

Со стапка на плодност која изнесува 1,43 деца по жена, што е нешто под европскиот просек од 1,58, Италијанците презедоа контроверзен пристап кон целата работа поврзана со наталитетот. Тие започнаа рекламни кампањи кои им кажуваат на младите луѓе дека „Времето тече“, и „Нема да бидете плодни засекогаш“.

zemji-koi-ocajno-posakuvaat-nivniot-narod-da-ima-povekje-seks-3.jpg

Хонгконг

Со стапка на плодност од само 1,18 деца по жена во просек, Хонгконг се соочува со предизвици вообичаени за индустријализираните земји - стареење на популацијата и опаѓање на економскиот раст.

Од 2013 година, земјата им дава финансиски награди на новите родители - бонус за бебиња кој изнесува околу 4000 долари за прво и второ дете и 6000 долари за трето и четврто. Сепак, оваа програма не покажала особени позитивни резултати.

Шпанија

Како што расте невработеноста, стапките на плодност опаѓаат. Околу половина од младите во моментот се без работа и се втори во Европа, зад Грција. За борба против овој загрижувачки тренд, тие ангажирале специјален комесар - Еделмир Бареира, чија работа е да измисли макро стратегија што ќе ги охрабри луѓето да започнат свое семејство.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
21 работа во сексот што секој треба да ја направи барем еднаш (18+) Ако партнерот доживеал оргазам, а вие не, кажете му го тоа и бидете искрени дека...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...
Прашувам за пријател: „Мојот сопруг сака секс неколкупати на ден, а јас не - како да го одбијам?“ „Работата од дома беше кошмар, бидејќи тој беше во соседната соба, па ќе влезеше...
„Партнерот ме уценува да живееме заедно, но јас не сакам да бидам маќеа на неговите деца“ Дали жената треба да живее со партнерот иако не е подготвена да се грижи за него...
„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg