Што прават среќните парови наутро?

Можеби не обрнувате премногу внимание на утринските ритуали со партнерот, но токму тие можат да ви го разубават денот.

shto-pravat-srekjnite-parovi-nautro-01.jpg

Постојат неколку работи што среќните парови ги прават на почетокот од денот, па доколку сакате да ја подобрите врската, зошто да не им дадете шанса?

Поздравете се

Веднаш штом ќе се разбудите, поздравете го партнерот со „Добро утро“.

Најверојатно наутро сите ги поздравувате на овој начин, но сигурно не сте ни сетиле да му посакате добро утро и на партнерот.

А, секогаш е добро да го започнете денот со неколку учтиви зборови.

Дајте си комплимент

Бидејќи денот по утрото се познава, исполнете го вашето со комплименти.

Нема потреба да рецитирате цела поема. Доволно е да му кажете 2-3 слатки збора на партнерот во врска со неговиот изглед, неговата насмевка, па дури и неговите пижами.

shto-pravat-srekjnite-parovi-nautro-03.jpg

Погледнете се во очи

На почетокот до врската веројатно постојано сте се гледале во очи. За жал, со текот на времето паровите го забораваат овој гест.

Па зошто да не го искористите утрото за да им се навратите на старите слатки навики? Гледањето во очи ќе ја продлабочи вашата поврзаност и сигурно ќе ви о подобри расположението.

Разговарајте за вашите проблеми

Ако во текот на вечерта ве мачел некој проблем, немојте да го чувате во себе, туку споделете со партнерот.

Доколку причината за проблемот е партнерот, тогаш ќе го решите уште на почетокот од денот.

Доколку, пак, проблемот е нешто надвор од врската, партнерот ќе ви ја даде потребната поддршка и ќе ви помогне полесно да се справите.

shto-pravat-srekjnite-parovi-nautro-02.jpg

Пошегувајте се

Нема ништо подобро од тоа да го започнете денот со смеа. Кога наутро сте со добро расположение, ќе бидете мотивирани да го „зграпчите“ денот.

А, нема потреба да кажувате добри шеги. Вашиот партнер ќе ужива и во глупавите.

Разбудете се порано и заедно пијте кафе

Дали некогаш сте одвоиле време заедно да појадувате и да пиете кафе, пред да почнете со дневните обврски?

Утринското кафе со партнерот не треба да биде резервирано само за викенд.

Доволно е да се разбудите 10-тина минути порано за да имате време за утринско кафе пред работа. А, и ова дефинитивно ќе ви го подобри расположението.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
Знаци дека партнерот не ужива во сексот со вас (и што да направите околу тоа) Ако кај партнерите не постои спонтано допирање кое претходно постоело или прегра...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
Знаци дека траумите од детството ви го уништуваат љубовниот живот (и како да си помогнете) Дали често ви се случува први да му раскинете на партнерот, затоа што постојано ...
5 причини зошто некои луѓе остануваат во токсични врски Ниска самодоверба, но и страв од осаменост – кои се најчестите причини зошто луѓ...
Навики со кои несвесно си ја уништувате врската, низ илустрации Го критикувате партнерот за секоја ситница и си давате слобода да одлучувате за ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg