Без клиторис, нема оргазам - 4 факти за органот кој носи задоволство
Клиторисот е еден од најчудесните делови од човековото тело и единствен орган кој служи само за задоволство.
Кои се четирите факти за клиторисот кои треба да ги знае секоја жена за да постигне максимум задоволство?
1. Клиторисот и пенисот се развиваат од исто ембрионално ткиво.
2. G точката се наоѓа на надворешниот ѕид на вагината, а може да се дофати со прст. Таа е дел од клиторисот. Подобро е да се каже дека станува збор за еден „предел“ од клиторисот, а не само точка.
3. Без клиторисот – нема оргазам. Тој е прекриен со 8.000 нервни завршетоци. Повеќето од нив се наоѓаат на врвот на клиторисот – оној дел кој ни е видлив. Дури и ако доживеете вагинален оргазам, тој е предизвикан со надразнување на клиторисот од внатрешната страна.
4. Клиторисот не е дел од вагината, туку од вулвата (надворешен дел на женскиот полов орган). Надворешниот дел наликува на бисер и се издигнува меѓу вагиналните усни, а внатрешниот дел е значително поголем – може да достигне големина на просечен пенис. Тој се наоѓа во внатрешноста на абдоменот.
Клиторисот е најчувствителната ерогена зона на жената, и основен анатомски извор на женското сексуално задоволство.
Е. П. | Црнобело