Мажите забавуваат, жените проценуваат - која е поврзаноста на хуморот и љубовта?
Постои изрека дека, на крајот на денот, единственото нешто што е важно е партнерот да знае да нè насмее. Се разбира, не само што ова е индикатор за добра врска, туку хуморот е многу важна ставка во потрагата по партнер.
Некои луѓе имаат смисла за хумор, некои знаат да се шегуваат, а некои го ценат добриот хумор.
Хуморот се базира на комуникациски вештини и е еден од показателите на интелект и креативност на една личност.
Исто така, луѓето што ги гледаме како хумористични, ги перципираме како нежни и пријатни. Значи, хуморот е голем плус и ги покажува другите квалитети кај луѓето.
Но, кому му е важен хуморот и на кој начин?
Мажите забавуваат, жените проценуваат
Се чини дека мажите и жените различно гледаат на хумор при изборот на партнери. Мажите го потенцираат хуморот како свој квалитет и го користат како адут кога запознаваат потенцијален партнери повеќе од жените.
Жените, од друга страна, ја оценуваат смислата за хумор на партнерот и ја користат истата како индикатор за квалитет. На пример, мажите со поголема веројатност ќе го претстават хуморот како особина што ја поседуваат, додека жените ќе ја цитираат смислата за хуморот како особина што ја бараат кај партнерот.
Од друга страна, процената на мажот за смислата на хумор на жената не е поврзана со неговиот интерес за романтична врска со неа. Според овој заклучок очекуваме мажите да бидат хумористични и да нè забавуваат.
Но, со помош на хуморот добиваме и информации за нивниот интелект, топлина и други важни квалитети.
Теорија на еволутивна психологија
Според теорија на еволутивна психологија, жените во мажите бараат старател за себе и за семејството. Така, тие треба да обезбедат ресурси потребни за опстанок, но и да бидат посветени и грижливи кон децата, за жените да останат со нив.
Тука хуморот започнува со своја игра. Ако мажот, покрај грижата за опстанокот, има простор да биде хумористичен, тогаш има голем потенцијал. На жените, од друга страна, не им треба смисла за хумор за да привлечат посакуван партнер.
За нив е важно да се грижат за децата со цел да ги пренесат гените на новите генерации. Се разбира, во денешниот свет работите функционираат поинаку, но интересно е да се види како е еволуционото наследство сè уште присутно во нашата психа.
Ашера | Црнобело