Што им е неодоливо на жените, а што на мажите?
Дури и ако не сте природно неодолива личност, облечете црвена маица и загарантирани ви се погледи, велат истраживачите од Универзитетот во Рочестер.
Црвената боја отсекогаш била симбол на моќ и богатство во културите ширум светот. Така, во античкиот Рим, најбогатите граѓани биле нарекувани „оние што носат црвено“. Дури и денес, деловните луѓе најчесто носат црвена кравата или друг детал во црвена боја.
Но, и во животинскиот свет, на пример, кај мајмуните, црвената боја е показател на машка доминација и плодност.
Научниците веруваат дека жените ги привлекуваат мажи кои носат црвена боја, бидејќи „жените ја имаат оваа боја длабоко во потсвеста како боја на моќ и машкост“. Затоа мажот во црвена облека автоматски се смета за член на повисок социјален статус, со кого повеќе би сакале да се дружат или да имаат сексуални односи.
Мажите прво ги привлекуваат усните на жените, а потоа другите делови на телото, особено ако се нашминкани со црвен кармин, покажува истражувањето на Универзитетот во Манчестер. Дури и тенки усни стануваат привлечни доколку се покриени со која било нијанса на црвен кармин.
Исто така, црвениот кармин ќе го привлече вниманието на просечниот маж за седум секунди. Но ако жената не носи шминка, тогаш погледот ќе му биде насочен кон носот или очите.
Психолозите веруваат дека жените кои носат црвен кармин делуваат посигурни, што значително влијае на нивниот сексапил.
Сексот е главен фактор во страсните односи
Нервозните луѓе кои се склони кон чести промени во расположението почесто имаат несреќни односи. Нивните бракови, исто така, генерално завршуваат со развод, покажува статистиката. Во таквите односи сексот е клучен за опстанокот на врската.
Колку е почест, толку се поблиски паровите.
И мажите и жените сакаат да чујат „те сакам“
Додека повеќето жени сакаат да водат нежен и интимен разговор после сексот, мажите повеќе би сакале да запалат цигара или да пијат пијалок, вели истражувањето. Но во стабилни односи, обајцата сакаат да чујат „те сакам“ после сексот.
Тајно сонуваат за тројка
Повеќе од 70 проценти од мажите сакаат жената да ја има доминантната улога во креветот, според истражувањето во САД. Дури 80 проценти сонуваат да бидат врзани од партнерот за време на сексот, но истото не сакаат да го признаат јавно.
Најчеста машка фантазија е водење љубов со две жени одеднаш.
Ашера | Црнобело